Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Миноски: Минималната плата во Македонија е ниска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Миноски: Минималната плата во Македонија е ниска
ЕКОНОМИЈА

Миноски: Минималната плата во Македонија е ниска

Објавено January 17, 2026 16:24
Сподели
Сподели

Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 оцени дека минималната плата во Македонија е ниска и не обезбедува услови за пристоен живот, особено за семејствата кои егзистираат исклучиво од вакви примања.

Според Миноски, неопходно е да се изнајдат решенија кои истовремено ќе придонесат за зголемување на животниот стандард на работниците и за подобрување на нивната вкупна благосостојба.

„Дефинитивно, минималната плата во Македонија е ниска. Доколку имаме, на пример, двајца членови во едно семејство кои работат за минимална плата, тешко дека можеме да зборуваме за пристоен живот за тие семејства“, истакна Миноски.

Тој смета дека зголемувањето на минималната плата треба да се спроведува внимателно и таргетирано, особено во секторите кои се најпогодени и каде што платите се најниски, со цел да не се наруши економската стабилност и одржливоста на компаниите.

Во тој контекст, поранешниот министер нагласи дека Владата мора активно да се вклучи во процесот на трипартитен социјален дијалог меѓу државата, работодавачите и синдикатите, со цел заеднички да се изнајдат одржливи решенија.

Миноски предупреди и дека практиката на „замена на сопственото население со друго население“, како одговор на недостигот од работна сила, не дава позитивни резултати на долг рок, нагласувајќи дека фокусот треба да биде на задржување и подобрување на условите за домашната работна сила.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Жена претепана од вонбрачниот партнер
Следна Статија Стојаноски: Филипче сакал да му ја земе болницата на Жан Митрев, ургирал и кај обвинителството да му помогне

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Цената на биткоинот паѓа со илјадници долари во минута

Вредноста на најпознатата криптовалута, биткоинот, доживува драматичен пад — цената опаѓа со илјадници долари за само неколку минути, предизвикувајќи паника…

October 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Повеќе нема да има исклучување од струја во зима – новиот закон воведува мерки против енергетска сиромаштија

Во зимските месеци, граѓаните од ранливите категории кои не се во можност да ги платат сметките за струја нема да…

June 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Томовски: Комплексот „Македонско село“ функционира успешно

Ивица Томовски, директор на Службата за општи и заеднички работи, во гостувањето во „Ноќно студио“ на 4ТВ изјави дека институциите…

May 27, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Побарав од мобилните оператори да ги намалат цените, тие ги зголемија

Министерот за транспорт Александар Николовски вечерва во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека двата големи мобилни оператори ги зголемиле…

October 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?