Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Томовски: Комплексот „Македонско село“ функционира успешно
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Томовски: Комплексот „Македонско село“ функционира успешно
ЕКОНОМИЈА

Томовски: Комплексот „Македонско село“ функционира успешно

Објавено May 27, 2026 15:01
Сподели
Сподели

Ивица Томовски, директор на Службата за општи и заеднички работи, во гостувањето во „Ноќно студио“ на 4ТВ изјави дека институциите континуирано комуницираат со концесионерот на комплексот „Македонско село“ со цел објектот успешно да функционира и да не биде затворен.

Томовски истакна дека државата обезбедува логистичка и институционална поддршка, додавајќи дека комплексот веќе една година работи стабилно.

„Комуницираме постојано со концесионерот им стоиме и како логистика и како поддршка, целта ни е тој објект да функционира, да работи да не се затвори, да не пропаѓа тој објект, мислам дека функционира добро, овој период им е подобар за работа на ресторанските услуги, им треба мала помош за хотелските капацитети со кои располагаат, но ете година дена функционираат и се надевам дека уште долги години ќе функционира“, вели Томовски.

Томовски истакна дека за подобро искористување и развој на сместувачките капацитети во комплексот „Македонско село“ е потребна поголема поддршка и препорака од туристичките агенции и институциите.

„Овие не се хотелски капацитети, и не може да учествуваат на одредени јавни набавки како хотел, тие се водат како посебен вид на сместувачки капацитет, апартманско сместување, и заради таа причина им е потребна помош на концесионерите и од туристичките агенции во Македонија и од нас институциите да ги препорачуваме за да можат да го разработат подобро тој дел и да бидат они задоволни, а и да го испочитуваме договорот најмалку 15 години да не се затвори комплексот или да не бараме нов концесионер“, рече Томовски.

Во однос на пристапноста до комплексот, тој посочи дека до локацијата може да се стигне и со автобуски превоз на ЈСП.

Според него, веќе се разговарало со ЈСП за почести автобуски линии кон дестинацијата.

Томовски додаде дека голем број државни институции веќе организираат настани во комплексот и посочи дека странските посетители се воодушевени од локацијата и амбиентот.

„Има доста од државните институции кои што одат таму и организираат одредени настани и навистина странците кога ќе дојдат се воодушевени од местото“, истакна Томовски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Повеќе умираат, отколку што се раѓаат: Негативен природниот прираст во 66 општини
Следна Статија Трајанов: Напредокот на Македонија е далеку пред Албанија, Србија и Црна Гора

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ристов: Граѓаните да инвестираат во акции за ХЕЦ Чебрен, наместо да ги заробуваат парите во станови

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Ацо Ристов, предложи нов модел за финансирање на стратешките енергетски објекти во кој…

June 19, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: „Пошта“ ќе добие 100 возила, наша цел е таа да расте и напредува

Идниот месец „Македонска пошта“ ќе добие 100 возила како донација од Владата со кои ќе се подобрат условите за работа.…

December 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Задоволен сум од динамиката за меѓудржавниот пат од Тетово до Призрен, наскоро и автопат од Букојчани до Кичево

Задоволен сум од досегашната динамика за изградба на меѓудржавниот пат од Тетово до Призрен, а во следна фаза ќе одиме…

July 15, 2026
ЕКОНОМИЈА

Акциите на „СпејсИкс“ скокнаа за 11 отсто на историското деби на берзата, сега вреди 2 билиони долари

Компанијата „СпејсИкс“ (SpaceX) на Илон Маск денеска забележа рекордно деби на берзата при нејзината првична јавна понуда (ИПО), откако вредноста…

June 12, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?