Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трајанов: Напредокот на Македонија е далеку пред Албанија, Србија и Црна Гора
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Трајанов: Напредокот на Македонија е далеку пред Албанија, Србија и Црна Гора
МАКЕДОНИЈА

Трајанов: Напредокот на Македонија е далеку пред Албанија, Србија и Црна Гора

Објавено May 27, 2026 18:09
Сподели
Сподели

Лидерот на Демократскиот сојуз – Павле Трајанов во „Само вистина“ говорејќи за трнливиот европски пат на државава рече дека Македонија со децении била заложник на лажни политички догми.

Тој потсети на времето кога упорно се пласираше приказната дека патот до Брисел води исклучиво преку Охридскиот рамковен договор.

-Денес, според сите релевантни параметри, Македонија има одлична стратешка ориентација и е уверлив лидер по успешноста на реформите на терен. Нашиот реформски напредок е далеку пред оној на Албанија, Србија и Црна Гора – смета Трајанов

Трајанов беше дециден и притоа направи компарација со новите фаворити на Брисел, потенцирајќи дека е апсурдно Македонија да се споредува со земји како Молдавија и Украина.

Тој истакна дека во однос на институционалната подготвеност и усогласеноста со европското право, ние сме светлосни години понапред од нив.

Најголемиот проблем за нашиот европски застој, според лидерот на ДС, лежи во стратешките дипломатски пропусти.

Тој алармира дека Македонија низ годините не успеала да изгради цврсто и сигурно партнерство со земјите кои всушност ги носат главните политички одлуки во Брисел.

Клучот на нашиот успех се наоѓа во Берлин и Париз, како две најмоќни европски престолнини. За да се забрза процесот на интеграција, неопходно е зад нас да застане некоја од овие големи држави кои имаат моќ да ги скршат билатералните уцени. Дипломатскиот дефицит на претходните влади придонесе Македонија да остане сама на бришаниот простор, смета Трајанов.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Томовски: Комплексот „Македонско село“ функционира успешно
Следна Статија Од денеска со дозвола од „Б“ категорија може да се возат мотоцикли до 125 м3

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Пет интерпелации во еден ден, помина само една, но и таа нема обврзувачки последици

Собранието до доцна синоќа расправаше по петте интерпелации поднесени против четворица членови на Владата и претседателката на собраниската Комисија за…

January 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во Берово утрово – 1 степен, максималната дневна и до 23

Во Берово минималната утринска температура изнесувала -1, во Струмица 2, Тетово и Демир Капија 3, Скопје–Петровец, Крива Паланка, Битола и…

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Изборот на нов претседател на Судски совет пролонгиран до комплетирање на неговиот состав

Судскиот совет денеска на итна седница ја констатираше неотповикливата оставка на претседателката на Советот Весна Дамевска, која претпладнево во јавно…

December 2, 2024
МАКЕДОНИЈА

Владата задолжи институции веднаш да отпочнат со вонреден инспекциски надзор во Град Скопје и ЈП Комунална хигиена

Во врска со проблемот со собирање и транспортирање на комуналниот отпад на територијата на Град Скопје, Владата на денешната седница…

October 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?