Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски за дата центрите: Се обидуваме да ја развиваме државата и нема да се повлечеме поради малкумина кои создаваат хистерија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски за дата центрите: Се обидуваме да ја развиваме државата и нема да се повлечеме поради малкумина кои создаваат хистерија
ПОЛИТИКА

Мицкоски за дата центрите: Се обидуваме да ја развиваме државата и нема да се повлечеме поради малкумина кои создаваат хистерија

Објавено June 14, 2026 20:03
Сподели
Сподели

Се обидуваме да ја развиваме државата, да создаваме нова вредност и нема да се повлечеме поради малкумина, кои создаваат хистерија и мислат дека на тој начин ќе го манипулираат народот, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги реакциите во јавноста по неговата изјава дека се преговара за инвестиции во дата центри со десетици компании, за кои веќе се менува и регулативата.

Мицкоски порача дека ќе застане зад секој проект, како што рече, не за еден мегават, не за пет, туку и сто и повеќе мегавати, кога ќе бидат исполнети условите согласно закон, како и техничките критериуми, што ќе бидат содржани и во закон и во правилник како подзаконски акт, кои уверува дека нема да бидат ништо послаби од тие што се во Соединетите Американски Држави, Франција и во другите европски држави.

– Откако излезе оваа вест забалежувам хистерија кај одредена група на луѓе, која има за цел да создаде хистерја во општеството и потоа сите да веруваме дека таа хистерија е точна. Јас сум професор. Сигурно на тие коишто ја предизвикуваат таа хистерија не им е повеќе за оваа држава и граѓани, отколку мене како техничко лице, барем исто. Е сега ако е исто, и ако главните пораки од овогодинешниот Светски бизнис форум во Давос беа вештачка интелигенција, а секој инженер знае дека мора да има податочни центри за да функционира таа вештачка интелигенција, а за да тие функционираат мора да има електрична енергија и ако светот својот развој во иднина го темели на тоа, како Влада не можеме да се помириме со фактот дека таа мала група на луѓе која создава хистерија, ќе се обиде повторно да го попречи развојот на државата. Франција е лидер во инвестиции во вештачка интелигенција и во податочни центри. Во 2024-та  или 2025-та, не ме фаќајте за збор, околу 70 милијарди евра се инвестирани во Франција. Америка, главните два столба на коишто го темели растот на економијата е токму на современата технологија – вештачката интелигенција и податочните центри,  изјави Мицкоски.

Како Влада, дополни премиерот, апсолутно носиме одговорност и сè ќе сториме нашата заедничка Македонија да биде онаква каква што треба – модерна, богата, современа, а притоа да не го нарушиме комфорот на живот на граѓаните.

Мицкоски посочи дека Владата ги решава наследените проблеми и се обидува да ја развива државата и да создава нова вредност и, како што рече, „нема да се повлечеме поради овие луѓе, малкумина, кои создаваат хистерија и мислат дека на тој начин ќе го манипулираат народот“.

– Кога излезе веста дека голема американска компанија ќе гради таков податочен центар во Хрватска, имаше луѓе коишто реагираа зошто не инвестираат и во Македонија. Кога објавивме дека имаме десетици такви писма со намери коишто сакаат да инвестираат во вакви податочни центри, се појавија неколкумина коишто на социјалните медиуми се обидуваат хистерија да направат, посочи Мицкоски, порачувајќи дека само со следење на светските трендови ќе се развива државата, ќе се креираат добро платени места и ќе се задржат луѓето.

Не нудиме, посочи премиерот, фабрики за марихуана, не нудиме марихуана економија, туку современа економија на која ќе се темели на одржлив начин развојот на државата.

– Тоа ќе продолжиме да го нудиме, ќе дојдат избори и граѓаните ќе гласаат – дали ќе гласаат за марихуана економија или за напредна современа технологија во рамките на податочните центри. Тоа е разликата помеѓу оваа влада и онаа претходно марихуана економска влада, изјави премиерот Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на пуштање во употреба на дом за стари лица во Општина Илинден

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Волстрит: „Спејс икс“ го подобри расположението, индексите пораснаа
Следна Статија Македонските кошаркари стартуваат со подготовки за јулските претквалификации

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Тренчевска до ВМРО-ДПМНЕ: Колку забегавте, ви треба прослава додека доцни социјалната помош?

Пратеничката на СДСМ и поранешна министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, остро ја критикуваше најавата за прослава на…

June 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Делото на Гоце Делчев е пример како треба да ја градиме заедничката татковина

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска оддаде почит по повод 154-годишнината од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев. Денес го…

February 4, 2026
ПОЛИТИКА

Бујар Османи, кандидат за градоначалник на Чаир на Европскиот фронт

Поранешниот министер за надворешни работи и портпарол на Демократската унија за интеграции Бујар Османи ќе биде кандидат за градоначалник во…

July 21, 2025
ПОЛИТИКА

Средба Сиљановска Давкова – Фон дер Лајен: Клучот за нашиот развој е во интеграција согласно Копенхагенските критериуми и принципот на заслуги

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска оствaри средба со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен. На средбата беа разменети…

October 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?