Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тренчевска до ВМРО-ДПМНЕ: Колку забегавте, ви треба прослава додека доцни социјалната помош?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Тренчевска до ВМРО-ДПМНЕ: Колку забегавте, ви треба прослава додека доцни социјалната помош?
ПОЛИТИКА

Тренчевска до ВМРО-ДПМНЕ: Колку забегавте, ви треба прослава додека доцни социјалната помош?

Објавено June 14, 2026 15:11
Сподели
Сподели

Пратеничката на СДСМ и поранешна министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, остро ја критикуваше најавата за прослава на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ на стадионот во Струмица.

Во објава на социјалните мрежи, таа праша дали прославата ќе се организира со пари на граѓаните и оцени дека власта има погрешни приоритети во период кога, според неа, граѓаните се соочуваат со економски проблеми.

„Колку забегавте! На стадионот во Струмица ВМРО-ОКГ ќе слави роденден! Со парите на народот?“, напиша Тренчевска.

Таа ја обвини Владата дека наместо да презема мерки за подобрување на животниот стандард, организира прослави.

„Ви треба прослава во време на криза и ниту една мерка за да подобрите животен стандард на граѓаните? Ви треба прослава, а доцните со исплата на социјалната помош?“, праша Тренчевска.

Во објавата таа посочи и дека државата продолжува да се задолжува.

„Ви треба прослава, а секој ден се задолжувате, односно го задолжувате народот?“, наведува пратеничката на СДСМ.

Тренчевска порачува дека, според неа, власта ќе ја задоволи сопствената суета, но дека конечната оценка ќе ја дадат граѓаните.

„Суетата ќе си ја задоволите, ама народот ќе ви пресуди“, порача Тренчевска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ставете си еден „blue curacao“: Знаете ли каде се наоѓа денешниот противник на Германија?
Следна Статија Некогаш заедно лежеа во затвор: Аца Лукас ја праша Цеца дали се сеќава што правела во Швајцарија?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Неточни се наводите за работата на Министерството за животна средина: Владата ги отфрла шпекулациите

Владата ги провери и затоа ги отфрла шпекулациите и неточните наводи изнесени од СДСМ и ДУИ во врска со работата…

February 25, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Лукаревска до Тошковски: Кој ќе понесе одговорност за изгубените животи од семејно насилство?

Пратеничката од СДСМ, Сања Лукаревска на денешната седница за пратенички прашања упати прашање до министерот за внатрешни работи, во кое…

March 26, 2026
ПОЛИТИКА

Зајкова: Пратениците од мнозинството избраа соучесништво во насилството наместо превенција

Денеска, уште еднаш, собраниското мнозинство покажа дека нема ни волја, ни храброст, ни совест кога станува збор за заштита на…

March 18, 2026
ПОЛИТИКА

Во мај ќе се знаат имињата на кандидатите за градоначалници за локалните избори

Имињата на кандидатите за градоначалници од владејачката Коалиција „Твоја Македонија“ за годинашните локални избори ќе бидат објавени во втората половина…

January 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?