Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кузеска: Половина од коалицијата на Мицкоски има бугарски пасоши, а глумат патриоти пред народот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Кузеска: Половина од коалицијата на Мицкоски има бугарски пасоши, а глумат патриоти пред народот
ПОЛИТИКА

Кузеска: Половина од коалицијата на Мицкоски има бугарски пасоши, а глумат патриоти пред народот

Објавено May 13, 2026 17:28
Сподели
Сподели

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција упати серија обвинувања до власта, нарекувајќи ја коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ „најголем бугарофилски колектив“. Според неа, функционери од власта поседуваат бугарски пасоши додека истовремено ја блокираат европската иднина на државата.

Кузеска истакна дека лажниот патриотизам се користи како параван за лични интереси и криминал.

„Министри, пратеници, директори, функционери – сите со црвени пасоши на ЕУ, а глумат лажни патриоти пред народот. Дури и семејството на Мицкоски има бугарски пасоши. Семејството на нивниот главен медиумски пропагандист и главен ПР советник на Мицкоски – Драган Павловиќ Латас исто така има бугарски пасоши“, изјави Кузеска.

Таа додаде дека на власта не и одговара европска и правна држава, туку изолирана и корумпирана Македонија.

„Малцинствата се наши соседи, другари, пријатели, колеги… тоа не се никакви терористи. Единствено ВМРО ја тероризира Македонија. Спроведува државен тероризам затоа што нè држи во блокада и далеку од ЕУ“, потенцираше портпаролката на СДСМ.

Според Кузеска, СДСМ останува на страната на европската иднина и реформите, наспроти политиката на „вештачки конфликти“ што ја води актуелната власт.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија И министерот Филков бара да биде преиспитана одлуката за мазутот
Следна Статија (ВИДЕО) Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Митески: Во функција првиот калистеника парк во Македонија

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески преку социјалните мрежи сподели дека во функција е првиот калистеника парк во Македонија. Митески посочи…

October 16, 2025
ПОЛИТИКА

Куновска за Филипче: Дали СДСМ драматично тоне под негово водство?

Дали СДСМ драматично тоне под негово водство? Дали сета кадровска политика и за органите во партијата и за кандидатите за…

December 4, 2025
ПОЛИТИКА

Јаулески: Кланот Муртино-Зајас, направи груба партизација на институциите и безбедносните структури

На денешната седница на пратенички прашања во Собранието, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески упати три прашања до премиерот…

December 26, 2024
ПОЛИТИКА

Максим Димитриевски поднесе кандидатура за нов мандат за градоначалник на општина Куманово

Актуелниот градоначалник на Куманово и претседател на Движење ЗНАМ – За наша Македонија Максим Димитриевски денеска поднесе кандидатура до општинската…

September 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?