Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче рече дека ќе гостува во ТВ Алфа, но откако претходно „ќе ја ослободи“ телевизијата од „канџите во кои е ставена“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче рече дека ќе гостува во ТВ Алфа, но откако претходно „ќе ја ослободи“ телевизијата од „канџите во кои е ставена“
ПОЛИТИКА

Филипче рече дека ќе гостува во ТВ Алфа, но откако претходно „ќе ја ослободи“ телевизијата од „канџите во кои е ставена“

Објавено April 20, 2026 12:06
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ Венко Филипче на вчерашната прес конференција беше поканет од новинар на ТВ Алфа да гостува во нивната телевизија во термин по негов избор и да ги изнесе сите свои ставови. На ова Филипче рече дека ќе дојде да гостува во ТВ Алфа, но откако претходно „ќе ја ослободи“ телевизијата од „канџите во кои е ставена“ и од „црните пари кои доѓаат од Унгарија“.

Господине Филипче, јас сум од медиумот телевизија Алфа, па би сакала и да ви упатам покана да дојдете кај нас во емисија, во вести или било кој формат. Повеќе пати сте поканети, па, ако сакате отворени се вратите на Телевизија Алфа, се што сакате да порачате слободно може да дојдете кај нас секако порачате и еве би сакала да добијам одговор дали ќе дојдете, кога ќе дојдете, сакате ли да дојдете – рече новинарката на Алфа.

Наместо културен одговор на културна покана за гостување и соочување на аргументи, Филипче повторно возврати со директен напад и закана.

Ќе дојдам кога ќе ве ослободам. Ќе ве ослободам од канџите коишто се ставени врз вашиот медиум, од црните пари коишто доаѓаат од Унгарија. Поради тоа што има докажано или барем сомнеж дека таа телевизија се користи за перење пари. Кога ќе ве ослободам од тој наратив што го ширите антиевропски и дискредитациони политики кои што ги креирате и ги спроведувате, ако се прашува Телевизија Алфа, јас сум хипер-корумпиран човек којшто гради згради во Дубаи и има куќи. Не знам каде низ Скопје ваши новинари одат и се сликаа пред куки во Нерези што нема никаква врска со мене – рече Филипче.

Откако новинарката го праша дали тој ќе се извини што на јавна сцена ја оцрнува телевизија, Филипче кратко одговори со контрапрашање.

А, дали ќе се извините кога сѐ ова што тврдувате ќе се докаже дека е невистина? Јас сум спремен да дебатирам на било која тема – рече Филипче.

Ова не е првпат Филипче да ја напаѓа телевизија Алфа, а нападите особено се засилија по смената на власта во Унгарија, по што СДСМ поднесе и кривична пријава за телевизијата. Неколку новинарски здруженија, како и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изрази загриженост поради зачестените изјави на лидерот на СДСМ Венко Филипче, во кои изнесува обвинувања за политичка и финансиска зависност на ТВ Алфа.

Тие посочуваат дека јавното етикетирање и користење на медиумите во политички конфронтации не е во согласност со демократските принципи и слободата на изразување. Според нив, недозволиво е носители на јавни функции да користат дискредитирачка реторика која придонесува за поларизација и може да ја наруши довербата на јавноста во медиумите.

Во јавноста се појавија и шеговити монтажи и коментари, кои духовито ја коментираат пресметката на опозиционерот Филипче со приватната телевизија Алфа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Муцунски: Во тек е пополнување на местата на шефови на дипломатско-конзуларните претставништва
Следна Статија Сведок за „Пулс“: Пред пожарот имаше рација за малолетници, во дискотеката се користеа прскалки и претходно

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Фрчковски го обвини Пендаровски дека сака да го сруши Филипче

Професорот Љубомир Фрчковски го обвини Стево Пендаровски, поранешен шеф на државата, дека „мешетари внатре во СДСМ“. Фрчкоски ова го кажа…

November 10, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ: Албанците се недоволно застапени во неколку клучни институции

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост во врска со најновите извештаи за недоволната застапеност на Албанците на одлучувачки позиции…

June 7, 2025
ПОЛИТИКА

Бендевска: За ЗНАМ е неприфатливо да седи во иста Влада со субјект кој се договара со ДУИ

За нас е неприфатливо да седиме во иста влада со субјект кој се договара со нереформирано ДУИ. Движењето ЗНАМ и…

May 12, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Граѓаните на Гостивар заслужуваат да ја знаат вистината

СДСМ денеска обвини дека институциите ја кријат вистината за анализите на водата во Гостивар и побара целосно објавување на резултатите,…

July 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?