Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче сакале да му ја превземат болницата на Жан Митрев, користеле закани и уцени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче сакале да му ја превземат болницата на Жан Митрев, користеле закани и уцени
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче сакале да му ја превземат болницата на Жан Митрев, користеле закани и уцени

Објавено January 18, 2026 10:33
Сподели
Сподели

Венко Филипче и Зоран Заев уште еднаш се разобличени пред јавноста. Заев од позиција на премиер, а Венко Филипче од позиција на министер за здравство, ги злоупотребиле институциите за сопствени лукративни причини и се обиделе да му ја одземат болницата на докторот и сопственик на клиниката Жан Митрев, според неговите сведоштва во интервју на национална телевизија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев и Филипче му се заканувале на сопственикот, со цел да му ја одземат приватната болница Жан Митрев. Во екот на судски процес кога институциите беа под целосна контрола на тогашната власт на СДС, на д-р Митрев му биле блокирани сметката на болницата и личната сметка, а била воведена и забрана за продажба на болницата. Но, шокантен е фактот кој според кажувањата на Жан Митрев по само една недела од моментот кога поединци од власта изразиле желба за болницата, Јавното обвинителство ја укинало забраната за продажба, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија посочуваат дека ова е доказ за сериозно мешање и политички диктат во правосудството од страна на Заев и Филипче.

-Заев и Филипче ги користеле институциите за директен притисок врз Жан Митрев. Заев и Филипче се обиделе болницата да биде откупена по цена далеку пониска од нејзината реална пазарна вредност што претставува организиран грабеж под маската на институционално постапување. Додека граѓаните секојдневно умираа од КОВИД пандемијата а вакцините доцнеа поради неспособноста и незаинтересираноста на Заев и Филипче, тие си кроеле шеми за како да профитираат врз грбот на народот и како да превземаат приватни болници за лично богатење. Ова е вистинската слика на СДС, на Заев, Филипче и останатите кои додека беа на власт уценуваа, се закануваа, делеа провизии и ги злоупотребуваа институциите за рекет и вршење притисок. ЈО веднаш да отвори постапка да ги истражи сите наводи и да постапи неселективно. Македонија мора да расчисти со ваквите криминални постапки и практики без политички калкулации. Законот мора да важи за сите особено за оние кои мислат дека се недопирливи, се наведува во соопштението.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Rackspace customers grapple with “devastating” email hosting price hike – Ars Technica
Следна Статија Внатрешните експерти анализираат изјавите на генералниот менаџер на Орлите за А.Џ. Браун

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Вреди им врати на ДУИ за скандирањето во Куманово: Партија што никогаш не почувствувала срам нема ни морал ни право да зборува

Партиите денеска ги осудија неприфатливите скандирања на поединци за време на вчерашниот кошаркарски натпревар помеѓу националниот тим на Македонија и…

August 3, 2025
ПОЛИТИКА

Османи: Владата е во паника, праќаат емисари за да бидеме дел власта

Обраќајќи се синоќа пред граѓаните во Чаир, Османи рече дека последниот бран синхронизирани изјави дека „нема да има предвремени избори“…

September 21, 2025
ПОЛИТИКА

Таравари: Не можеме да седиме на две столици

Дали ќе се оди на предвремени парламентарни избори заедно со локалните во октомври, ексклузивно зависи од ВМРО-ДПМНЕ, рече денеска лидерот…

May 8, 2025
ПОЛИТИКА

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов се кандидати за пратеници на местото на избраните градоначалници

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов се кандидатите за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски…

November 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?