Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ: СДСM прави стратешки грешки со кои докажува вмешаност во следењето на Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВМРО-ДПМНЕ: СДСM прави стратешки грешки со кои докажува вмешаност во следењето на Мицкоски
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: СДСM прави стратешки грешки со кои докажува вмешаност во следењето на Мицкоски

Објавено September 5, 2025 16:46
Сподели
Сподели

По денешната прес-конференција на СДСМ, од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека социјалдемократите со своите изјави „прават суштински стратешки грешки со кои од ден на ден ја докажуваат и потврдуваат инволвираноста на таа партија“ во скандалот со следењето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во соопштението ВМРО-ДПМНЕ го споредува однесувањето на СДСМ со „зајак кој ќе се скамени пред рефлектори на кола која забрзано оди кон него“, обвинувајќи дека луѓе и структури блиски до нив одработувале за партијата и сега се плашат дека ќе „пропеат“.

ВМРО-ДПМНЕ поставува неколку прашања за изнесените тврдења на СДСМ.

„Ако следеле заради ‘Делчевски ниви’, како СДС го знае тоа или си измислуваат сега изговори?“,е едно од прашањата што ги поставува ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, фактот што Мицкоски не е уапсен, и покрај тоа што бил следен под изговор за случај кој Обвинителството го повлече поради недостиг на докази, е показател дека во СДСМ знаеле дека тој нема врска со случајот.

„Самиот факт што не е уапсен е доказ дека сè што зборуваа од СДС е лага“,се вели во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ им заблагодарува на СДСМ што со своите изјави откриле дека Мицкоски нема никаква компромитација ниту бил дел од што било нечесно.

„Тоа што самите бараат изговори да оправдаат следење на опозицијата (откако веќе докажано знаеле дека нема никаков случај против него и е чист како солза) е само по себе доказ дека се инволвирани и дека нивни структури свесно го правеле ова“,велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ го повикува обвинителот да излезе и да одговори дали тврдењата на СДС се точни и каква е неговата вмешаност во случајот, како и за тоа дали следењето било оправдано со сомневање за криминал и кои биле доказите.

Зошто Обвинителството, велат од ВМРО-ДПМНЕ, не покренува случаи против функционери на СДС и покрај „купишта докази“, обвинувајќи го дека е заштитник на СДС и на криминалот.

Од владејачката партија изразуваат чудење на, како што рекоа, плиткоста на овие прес-конференции и „необмислените напади и ова нивно копрцање и претaње како давеник кој бара сламка“.

„Нема сламка. Сите до еден ќе одговарате. А за брзо време нема ни Обвинителството да може да ве штити. Доаѓаат времиња на правдата во Македонија“,додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа реакција на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа откако денеска од опозицискиот СДСМ на прес-конференција го прашаа премиерот Христијан Мицкоски дали случајот „Делчевски ниви“ е причината поради која „се плаши“ да побара декласификацијата на документите со кои би се докажале неговите и наводите на актуелниот директор на Агенцијата национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски, дека бил следен и прислушуван додека бил во опозиција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Запалиле душеци за да ги извадат федерите во депонија во Струга
Следна Статија Е-дневникот не дозволува веќе бришење и поправење на оценки

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВРЕДИ: ДУИ молчи за тоа со каков договор наредија бришење на дијаспората од пописот во 2021 година

Дури и по одлуката на Уставниот суд со која поделбата „резиденти/нерезиденти“ беше прогласена за неуставна, ДУИ не дава никакви одговори:…

June 29, 2025
МАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Лефков: Генералниот секретаријат на влада во време на СДС и ДУИ исплатил 23 милиони евра без основ

Владата на СДС и ДУИ со народните пари се однесувала како кон своја лична сопственост, без одговорност и отчетност, истакна…

September 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Семејствата на загинатите во „Пулс“ со остра реакција на барањето за куќен притвор за Дејан Јованов – Деко

Семејствата на загинатите млади лица остро реагираа по денешното барање на адвокатката Ивана Коцевска за олеснување на мерките куќен притвор…

April 20, 2026
ПОЛИТИКА

Митески: Со топлификациона мрежа ќе го решиме загадувањето на воздухот во Аеродром

Од Горно Лисиче, го најавуваме проектот за изградба на 110 км топлификациона мрежа која ќе ги опфати населените места Долно…

October 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?