Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На ДУИ не им се допадна одлуката за „Безбеден град“,бараат оставка од Костадиновски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > На ДУИ не им се допадна одлуката за „Безбеден град“,бараат оставка од Костадиновски
ПОЛИТИКА

На ДУИ не им се допадна одлуката за „Безбеден град“,бараат оставка од Костадиновски

Објавено March 12, 2026 16:06
Сподели
Сподели

Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро реагира на изјавите на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, поврзани со проектот „Safe City“, оценувајќи ги како скандалозни и неприфатливи.

Од партијата соопштија дека ставот според кој СМС-пораките во рамки на системот „Safe City“ треба да се испраќаат само на македонски јазик, додека можат да се испраќаат и на англиски, но не и на албански, претставува дискриминација и кршење на духот на Уставот.

Со оваа постапка претседателот на Уставниот суд ги надминува своите надлежности и брутално интервенира во правниот поредок и во меѓуетничките односи во државата, се наведува во реакцијата на ДУИ.

Од партијата тврдат дека во последните две години Уставниот суд носел одлуки кои, според нив, ги поткопуваат достигнувањата од Охридскиот мировен договор. Притоа посочуваат дека албанските и турскиот судија во Судот биле надгласани.

ДУИ побара итна оставка од Костадиновски, како и од секој судија кој, според нив, ги поддржува ваквите ставови.

– Во спротивно, тој ќе сноси целосна одговорност за секоја последица што може да се појави на планот на меѓуетничките односи, велат од ДУИ.

Во реакцијата, партијата упатува и критики кон коалицијата ВРЕДИ, оценувајќи дека е коодговорна за, како што велат, антиуставните постапки на Уставниот суд.

ДУИ порачува дека останува определена во одбрана на уставниот поредок, еднаквоста и соживотот во државата, додавајќи дека секој обид за нарушување на овие принципи ќе добие соодветен политички и демократски одговор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Миновски: Критична инфраструктура – енергетиката како прашање на државна безбедност
Следна Статија Филипче: ВМРО е таблоидна партија, fake news

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: Во првиот круг од локалните избори СДСМ оди со сегашната коалиција, а во вториот и со партии од албанскиот блок

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска изјави дека во однос на коалициите, во првиот круг на локалните избори СДСМ ќе…

August 27, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ понуди само ароганција и лаги, ние нудиме чесни и компетентни кандидати на изборите

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средби со граѓаните на Струга порача дека власта на ВМРО-ДПМНЕ нуди само ароганција и…

September 21, 2025
ПОЛИТИКА

Светозаревиќ: Ќе изградиме почисто, побезбедно и поуредено Тетово за сите генерации

Бранислав Светозаревиќ, носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во општина Тетово, на вчерашниот митинг во рамки на изборната кампања под…

October 8, 2025
ПОЛИТИКА

Николоски: Дојран треба да се приклучи на бранот на победата

Вечерва во Нов Дојран ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја побараа поддршката од граѓаните, за вториот круг од изборите, на мини-митинг. На…

October 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?