Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Секогаш кога ќе ја видат „Соравија“ граѓаните си спомнуваат дека зад вашата реторика стои злоупотреба за финансиски бенефит
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Секогаш кога ќе ја видат „Соравија“ граѓаните си спомнуваат дека зад вашата реторика стои злоупотреба за финансиски бенефит
ПОЛИТИКА

Секогаш кога ќе ја видат „Соравија“ граѓаните си спомнуваат дека зад вашата реторика стои злоупотреба за финансиски бенефит

Објавено December 26, 2024 15:00
Сподели
Сподели

Ја разбирам потребата, ваша лична и на политичката опција која ја претставувате, и како координатор и како висок функционер на политичка партија која во минатото имаше главен фокус на јавните набавки, па преку еден момент да се пренасочите кон зелената агенда, па да станете екологисти, па од тука да се префрлите на енергетиката во делот на копање и увоз на јаглен, па на моменти како политичка опција да сте прилично активни во делот на игрите на среќа и конечно на крај, откако дојдовте во опозиција, да се обидете  да внесете поларизација во мултиетничко општество како нашето со едноетнички теми- одговори премиерот Мицкоски на пратеничко прашање упатено до него од страна на координаторот на пратеничката група на ДУИ, Блерим Беџети на денешната седница во Собранието.

Премиерот Мицкоски посочи дека може да ја препознае стратегијата на ДУИ да влезе во фрикција со ВМРО-ДПМНЕ на моноетнички теми, бидејќи тие процениле дека тоа ќе им донесе позитивни резултати во микро средината каде што вие функционираат.

Не именувам, но со голем дел од градоначалниците кои што доаѓаат од вашата политичка опција разговарам и навистина имаме одлична комуникација, затоа што се сите задоволни што прави оваа влада, за сите општини и за сите граѓани. Сите тие велат дека ова повеќе од 20 години додека бевме во влада, нашите не го правеа. Сега дојде таква влада што не ги дели луѓето ниту по етничка ниту по партиска ниту по било каква припадност, туку целта е да испорачува проекти и да работи за сите граѓани- одговори Мицкоски.

Премиерот истакна дека ги разбира ДУИ за тоа што поларизираат , дека ќе продолжат да се отвораат моноетнички теми и ќе се обидуваат да создат меѓуетнички конфликт, но дека тоа нема да им успее.

Фокусирајте се на вистинска испорака кај граѓаните, оваа не е тема која што граѓаните ги удира во глава. Над глава оди. Верувајте. Затоа што знаат дека се манипулирани. Затоа што кога ќе дојдат во центарот на градот Скопје и ќе го видат трговскиот центар Соравија, тогаш си спомнуваат што е позади оваа реторика- нагласи Мицкоски.

Премиерот посочи дека не станува збор за етнички легитимитет или нелегитимитет, туку дека станува збор за обична дневна политика и злоупотреба на чувствата на граѓаните поради остварување на финансиски бенефит.

Како влада функционираме со една единствена цел, а тоа е да го направиме сето она што вие повеќе од 20 години не успеавте. За доброто на сите граѓани да се обидеме сите оние празни села кои ги оставивте позади вас, граѓаните кои што ги напуштија во струмичко и во кичевско и во штипско и во гостиварско, барем некој од нив да ги вратиме назад, затоа што тие луѓе почувствувале дека со оваа влада има некаква надеж дека ќе не биде- рече премиерот Мицкоски и дополни дека тоа ќе биде одговорот на владата на дестабилизирачката политика на ДУИ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило
Следна Статија Вработен во Финансиска полиција осомничен во случајот „Државна лотарија“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски претстави еко-дигитална кампања за Скопје

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја претстави својата визија за модерна, иновативна и еколошки одговорна кампања, во која…

October 16, 2025
ПОЛИТИКА

Пренџов: Ќе видиме дали некој од неговите ќе му верува на Таравари и дали ќе поднесат оставки од функциите кои ги извршуваат

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов по одлуката на Арбен Таравари да ја напушти Влада, истакна дека останува на времето да…

May 13, 2025
ПОЛИТИКА

Лефков: Како Заев со државна плата стигна до јахта од 850 илјади евра?

Kако Заев со државна плата стигна до јахта од 850 илјади евра? СДС и Филипче должат одговори, праша пратеникот од…

August 15, 2025
ПОЛИТИКА

Пријателот на Таче и креаторот на францускиот предлог си поднесе оставка поради корупција

Поранешниот бугарски премиер Кирил Петков си поднесе оставка од пратеничката функција, објави „www.offnews.bg“. Како што наведуваат бугарските медиуми причина за…

July 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?