Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски најави пад на цените на бензините и дизелот од следната недела
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски најави пад на цените на бензините и дизелот од следната недела
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски најави пад на цените на бензините и дизелот од следната недела

Објавено April 11, 2026 12:17
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека од следната недела се очекува намалување на цените на горивата, врз основа на направените анализи и движењата на светските берзи.

Како што посочи, според пресметките, бензините од 95 и 98 октани би требало да поевтинат за околу 1,5 денари по литар, додека дизел горивото се очекува да се намали за околу 2,5 денари.

Очекуваме регулаторната комисија да донесе одлука со која ќе има намалување на цените, што значи дека бензинот од 95 октани би бил околу 82 денари за литар, а дизелот околу 95,5 денари – изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека во овие пресметки не се вклучени дополнителните попусти што ги даваат одредени компании, со што реалните цени би можеле да бидат и пониски.

Премиерот истакна дека државата располага со доволни количини на нафта и нафтени деривати и дека снабдувањето е стабилно, и покрај зголемената потрошувачка која, според него, во одредени денови достигнува и до 30 проценти повеќе од просекот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дешамп седнува на „кралската“ клупа
Следна Статија Како се прославува Велигден во Грција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Армијата е гаранција дека овој народ ќе има поле да се развива, да создава и да ја гради својата иднина

Денес го славиме 18 август – Денот на Армијата, денот кога ја чествуваме една од најважните институции на државата, објави…

August 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Брза реакција на припадник на АРМ, спречено ширење на голем пожар под Кале

Припадник на Армијата со брза и пожртвувана реакција денеска спречи ширење на пожар и заштити имот на граѓаните. -Денес, околу…

April 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

„Ако едно судење чини сто илјади евра, колку чини изгубена матурска вечер?“

Родителите на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“, на последниот марш во Кочани реагираат на коментарите на обвинетите и…

June 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Одѕивот на локалните избори за првпат најверојатно нема да надмине 50 проценти во првиот круг

Одѕивот на изборите за градоначалници и советници, според подфатоците на ДИК, за првпат нема да надмине 50 проценти во првиот…

October 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?