Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Ако едно судење чини сто илјади евра, колку чини изгубена матурска вечер?“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „Ако едно судење чини сто илјади евра, колку чини изгубена матурска вечер?“
МАКЕДОНИЈА

„Ако едно судење чини сто илјади евра, колку чини изгубена матурска вечер?“

Објавено June 7, 2026 20:53
Сподели
Сподели

Родителите на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“, на последниот марш во Кочани реагираат на коментарите на обвинетите и на нивните бранители во големиот предмет и на атмосферата во судницата на судењето против 13 полицајци кои кобната вечер, на 16 март, биле во контрола. Велат дека настанал вербален конфликт помеѓу нив и роднините на обвинетите полицајци и им порачуваат дека жртвата не можат да ја споредуваат – едно е тоа што спасувале таа ноќ, но друго е тоа што не ги извршувале работните обврски, велат родителите на последниот Марш на ангелите.

„Дали секој што имал службени обврски ги извршил како што се очекува од институција, во судница слушавме расправа за минути, дали било 2.22 или 2.23 , кој кому се јавил и колку пати, кој дал усна наредба, кој не потпишал писмена. Во еден момент се доби впечаток дека најголемата трагедија не било тоа што 63 луѓе не се вратија дома, туку што часовникот не бил доволно прецизен. Секоја службена обврска и одлука пред тие минути има право на објаснување, но секоја секунда и минута за некого значел живот. Прашањето не е што се правело пред да почне пожарот, прашањето е дали било направено сè што било должност да се направи за воопшто да не дојде до него. Тоа не е напаѓање на чинот на спасување, тоа е прашањето за превенцијата“, вели Розета Џамова, сестра на починато момче.

Александар Наунов, претседател на здружението „16 март 2025 Кочани“, од пред Судот во Кочани изјави дека никој не бара пресуда без докази, ниту некој бара улицата да суди.

„Не бараме однапред пресуда, бараме одговори, сериозност и достоинство и одговор на едно едноставно прашање – дали секој што имал должност ја извршил совесно, професионално и во рамките на своите овластувања, бидејќи за едни, ова се минути листинзи и процедури, за други, ова е живот што веќе никогаш нема да се врати, рече Наунов, кој ја изгуби својата ќерка во пожарот.

Родителите реагираат на коментарите во јавноста дека обвинението било обемно, па ги потсетија дека и времето било долго на непостапување повеќе од една деценија.

„Се зборува дека судењето ќе траело долго и оти едно рочиште државата ја чинело 100 илјади евра, навистина, еве, да пресметаме – колку чини една изгубена матурска вечер, колку чини диплома што никогаш нема да се земе, свадба што никогаш нема да се случи, колку чини недопрена соба затоа што никој нема сила да ја среди дома, на дете што никогаш нема да го запознае својот родител, роденден што нема да се слави. Но, тие трошоци не влегуваат во буџетска табела, не се мерат во евра, не се судска пресметка, вели Наунов.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Историски ден за Македонците во Албанија, усвоена резолуција од страна на ЕФА
Следна Статија „Среќен роденден кралу“ – транспарент за Груби кај Мавровка, додека чека одлука за обвинение во куќен притвор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Д-р Игор Николов ќе биде нов амбасадор во Франција за Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше во касарната „Гоце Делчев“ во Општина Аеродром во објектот на Воената Академија „Михајло Апостолски“ каде…

January 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Посебен режим на сообраќај ќе има денеска во Скопје поради спортски настан, информираат од Министерството за внатрешни работи и апелираат…

May 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Утре е Ѓурѓовден: Овие обичаи секој верник треба да ги испочитува

Ѓурѓовден е меѓу најголемите пролетни празници. Ѓурѓовден е поврзан и со бројни обичаи што треба да се почитуваат. Ѓурѓовден е…

May 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филков: Правиме напори пет од реформските законски да влезат во собраниска процедура до 23-ти месецов

За пет од осум закони од првиот пакет закони од Реформската агенда со рок до јуни, 2025 година Министерството за…

June 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?