Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Не очекувам промена во односите со Бугарија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Не очекувам промена во односите со Бугарија
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Не очекувам промена во односите со Бугарија

Објавено May 4, 2026 14:30
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата ќе остане доследна на заштитата на македонскиот идентитет и корени во преговорите со Бугарија. Тој истакна дека овие прашања претставуваат црвена линија од која нема да се отстапи ниту милиметар.

Мицкоски упати критика за тоа што во 21-от век сè уште се негира идентитетот на историските личности и македонскиот народ.

„Во 21 век го негираат идентитетот на македонскиот великан Гоце Делчев. Во 21 век се уште македонскиот народ се соочува со овие предизвици за кои не би требало да се соочува. За жал наместо да се бориме за заедничка иднина, за подобра иднина ние се уште отвораме прашања од минатото и за жал дел од тие прашања со своите корени се во средниот век“, изјави премиерот по панихидата за 123-годишнината од смртта на Делчев.

Во однос на очекувањата за нова влада во Софија, тој не верува во брза промена на бугарскиот наратив кон Македонија.

„Ако ме прашате лично мислење не очекувам воопшто да се промени атмосферата. Напротив, очекувам истата таа да се вжешти затоа што се уште има структури и политички и општствени кај нас дома, кои што се подготвени да коленичат пред бугарските власти и да бидат мекото ткиво на македонската надворешна политика“, нагласи Мицкоски.

Премиерот потврди дека Владата останува отворена за дијалог, но исклучиво на база на аргументи кои треба да бидат прифатени од двете страни.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Митко Чавков пуштен на условен отпуст
Следна Статија Филипче: Не сме чуле никаде од Бугарија дека го негира нашиот идентитет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Петар Гајдов предлог за директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер

Петар Гајдов, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје е предлог за нов директор на Агенцијата за заштита на…

March 25, 2026
МАКЕДОНИЈА

Се чека со часови за влез во Грција: Километарски колони и покрај седум ленти

Ни седум ленти не го намалуваат чекањето од неколку часа на границата со Грција. Километарските колони од возила ова утро…

July 19, 2026
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Мицкоски: Се сретнав со Касами

Билал Касами почна да ги праќа вистинските пораки кои прилегаат на еден градоначалник, изјави премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ…

October 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Викендов на граничниот премин Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани

Почнаа да се враќаат македонските државјани кои се на привремена работа во странство за празниците. Податоците на МВР покажуваат дека…

December 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?