Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски објави СКАНДАЛ: Наместо да работаат, ДУИ и СДСМ ја следеле опозицијата преку разузнавачки служби
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски објави СКАНДАЛ: Наместо да работаат, ДУИ и СДСМ ја следеле опозицијата преку разузнавачки служби
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски објави СКАНДАЛ: Наместо да работаат, ДУИ и СДСМ ја следеле опозицијата преку разузнавачки служби

Објавено October 31, 2024 14:40
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања, потенцираше дека кога СДСМ и ДУИ биле на власт незаконски ги следеле лично него и ВМРО-ДПМНЕ и тоа со дронови, но им порача дека за сите тие оперативно технички состојби ќе има одговорност и затоа е стравот сега кај истите кои следеле и нарачувале.

-До поранешниот министер за внатрешни работи кој е тука, до него не допираше гласот, но затоа се дигаа дронови над мојата куќа, кога сум одел и на терен во Прилеп и тоа е се во белешките на службите кои треба да разузнаваат и контраразузнаваат. Го разузнавале претседателот на опозицијата со дронови оперативни и оперативно технички средства. Нормално е тоа? И сега се уплашени и од свиркачи добиваат информации, за сето тоа што мора да има одговорност, изјави премиерот одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот Венко Филипче.

Премиерот Мицкоски потенцираше дека кога ќе дојде редот за одговорност, јавноста ќе дознае, но Владата нема да прави од тоа театар како што правеше претходната власт, од систем кој е од витално значење за државата.

-Сето тоа ќе биде презентирано на затворена седница и сето тоа да се декласифицира. Вие го следевте лидерот на опозицијата со дронови, сега пишуваат анонимни писма, колку сакаат нека пишуваат нема спас, не им бега одговорност, изјави Мицкоски.

Премиерот Мицкоски што се однесува за сертификатот на директорот на АНБ Бојан Христовски, му порача на Филипче да си го смени тимот кој го брифира, затоа што не 5 години туку 9 има таков.

Има институции кои тоа треба да го проверат, вие сте решиле да правите политика од тоа, легитимно е, мислите дека на тој начин ќе добиете нешто. Не мислам дека добивате, но ако мислите вие терајте, но не добивате. Ќе ви дадам сличен сертификат од личноста која седи до вас. Знаете колку има такви сертификати? Сакате за директорите кои ги назначи СДСМ да ги видите сертификатите? Немојте на тоа да правите политика, има институции во државава кои треба да водат сметка, овие сертификати ќе ги дадам на министерот за внатрешни работи, изјави премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски до Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ си наплатила провизија за изградба на коридорите 8 и 10д, а ништо не изградиле, па се платија 350 милиони долари пенали
Следна Статија Стоилковски: Пет можни групи „свиркачи“ „вработени во безбедносно-разузнавачката заедица“ на СДСМ против Бојан Христовски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Еден од повредените се враќа од Бугарија: Во странство се хоспитализирани 55 лица, во Македонија се лекуваат 10

Министерството за здравство информира дека денеска се враќа еден пациент, кој беше на лекување во Бугарија. Во странство, во моментот…

April 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сензори ќе ја ловат бучавата во Центар, започна поставувањето на 30 дигитални уреди

Општина Центар започна со имплементација на паметен систем за следење на бучавата, преку поставување дигитални индикативни уреди на местата со…

December 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

По години опозиција, станавте една од најуспешните политички сили во Европа – порача Орбан во видеообраќање од Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ

По долги години опозиција, ВМРО-ДПМНЕ сега стана една од најуспешните политички сили во Европа. Ова е пораката што во видеообраќање…

December 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Протест на „Кој е следен?“: Повикуваме на будење и промени за подобри денови

Иницијативата „Кој е следен?“ денес одржа протест со мотото „Системот заборава, но ние не забораваме“ на кој повикаа на будење…

April 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?