Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Надградена безбедносната контрола на Скопскиот аеродром, инвестиција од милион евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Надградена безбедносната контрола на Скопскиот аеродром, инвестиција од милион евра
МАКЕДОНИЈА

Надградена безбедносната контрола на Скопскиот аеродром, инвестиција од милион евра

Објавено July 1, 2026 16:45
Сподели
Сподели

Со инвестиција од милион евра надградена е безбедносната контрола на Меѓународниот аеродром Скопје, каде денеска беа пуштени два нови уреди со компјутерска томографија за проверка на рачен багаж, како и две нови автоматизирани ленти – системи за автоматско враќање на корпите – од британската компанија Smiths Detection.

Овие системи, како што беше речено на нивната промоција, обезбедуваат многу поголема прецизност во откривањето на потенцијални закани и значително ја намалуваат потребата од дополнителни физички проверки.

Исто така ќе обезбедат и подобро искуство за патниците, така што безбедносната контрола ќе биде побрза, времето на чекање ќе биде пократко, а удобноста ќе биде поголема. За разлика од порано, патниците повеќе нема да треба да вадат лаптопи, таблети, мобилни телефони и течности од својот рачен багаж – овие предмети можат да останат во торбата за време на процесот на проверка.

– Се овозможува и поголем капацитет на аеродромот, односно со новата технологија ќе се обработат до двојно повеќе патници на час по линија.  Ова е клучно за справување со растечкиот сообраќај, особено во шпицот на сезоната –  рече на прес-конференција Неџат Курт, генерален директор на аеродромскиот оператор ТАВ Македонија.

Со оваа технологија,  посочи Курт, ТАВ Македонија го позиционира Меѓународниот Аеродром Скопје покрај големите европски центри како што се Франкфурт, Хитроу и Цирих, каде што овие системи веќе се стандардни. Истите уреди се користат и на водечките аеродроми во САД, Израел и Индија, што ја потврдува нивната сигурност и глобално прифаќање.

Курт нагласи дека новите системи се дел од поширок инвестициски циклус во безбедноста на Меѓународниот Аеродром Скопје, откако минатата година беа имплементирани  два дополнителни големи проекти во вкупна вредност од 1.930.000 евра кои дополнително го зајакнуваат безбедносниот систем.

– Сите овие инвестиции имаат една цел. Да се унапредат безбедносните процедури, да се зголеми ефикасноста и да се подигне квалитетот на услугата за секој патник – наведе Курт, посочувајќи дека со овие ТАВ Македонија јасно ја потврдува својата стратешка посветеност кон изградба на модерни, безбедни и конкурентни аеродроми кои ги исполнуваат – и ги надминуваат – европските стандарди. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Падна индустриското производство, за пет месеци е намалено за 0,3 проценти
Следна Статија Зајкова: Не може граѓаните од странство да имаат поголеми избирачки права од оние кои живеат и допринесуваат тука

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Зоолошката градина под клуч во следните три недели

Зоолошката градина во Скопје ќе биде затворена во следните три недели, односно 21 ден. Од Агенцијата за храна и ветеринарство,…

October 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Премиерот со владина делегација во посета на Обединетите Арапски Емирати: Средба со претседателот, шеикот Мухамед Бин Зајед Ал – Нахјан

Зајакнување на билатералната соработка и разгледување на можностите за инвестиции во инфраструктурата – ова е во фокус на состанокот меѓу…

April 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска комисија

Во следните 10 дена кандидатите кои имаат намера да ја предводат Државната комисија за спречување на корупцијата и судирот на…

August 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Водата во Кавадарци заматена поради обилните дождови

Ј.П. „Комуналец“ Кавадарци информира дека водата од градскиот водовод е заматена поради обилните врнежи што ги зафатија изворите Лукар. Од…

December 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?