Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски за „Безбеден град“: Ќе го издржиме политичкиот удар, само да спасиме човечки животи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски за „Безбеден град“: Ќе го издржиме политичкиот удар, само да спасиме човечки животи
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за „Безбеден град“: Ќе го издржиме политичкиот удар, само да спасиме човечки животи

Објавено December 2, 2025 11:29
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски ја поддржува примената на „Безбеден град“ и поддржува проширување на проектот на целата територија на земјата.

-Некои велат „тоа ќе донесе критика за Владата, ќе донесе силен политички удар“, јас велам „подготвени сме да го издржиме политичкиот удар, само да спасиме некој човечки живот“. Затоа што само изминативе недела-две, во строгиот центар на главниот град имавме три жртви, што повредени, што луѓе кои го изгубија животот поради неприлагодена брзина и непочитување на сообраќајните правила. Јас во разговор со министерот за внатрешни работи реков дека подготвени сме како Влада да ги трпиме сите критики, слушам некои поранешни пратеници на СДСМ и ДУИ кои го критикуваат ова, возеле 52,53,55, па добиваме опомени. И со 50,5 ќе добијат опомени бидејќи си има правила што значи прилагодена, а што неприлагодена брзина. И ако еден човечки живот успееме да спасиме, еве јас сум подготвен целиот товар да го прифатам на себе и да ја понесам целокупната политичка одговорност, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека човечки животи се губат поради непочитување на сообраќајните правила, а најчесто поради неприлагодена брзина.

-Ние алармиравме дека до ова ќе дојде. Видеовте дека во текот на еден ден колку сообраќајни прекршоци се направени. Голем дел од нив се затоа што несовесни возачи управуваат патнички возила кои не се регистрирани. Неколку илјади прекршоци од вчера беа заради поминување на црвено светло. Само вратете се назад и ќе видите колку луѓе го изгубија својот живот затоа што некој управувал патничко возило, не ја прилагодил својата брзина и поминал на црвено светло, рече премиерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Одговорност, координираност и безбедни патишта за помалку жртви во сообраќајот
Следна Статија Најдобрите телевизиски зделки за време на Блек петок викендот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Потресен повик од мајка на загината девојка во Пулс: „Барем за тие што ни останаа, да кажеме СТОП!“

Верица Трифунова, мајка на трагично починатата Моника Спасова, која загина во ноќниот клуб „Пулс“, испрати длабоко емотивен апел до јавноста,…

June 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Хајрулахи поднесе кривична пријава против Љупчо Коцевски

Мустафа Хајрулахи денес поднесе кривични пријави против своите колеги. Имено, Хајрулахи беше шеф на Вишото скопско обвинителство. – Ве информирам…

March 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски во честитката за Рамазан Бајрам: „Сите заедно мораме да го смениме системот“

Премиерот, Христијан Мицкоски, упати честитка до муслиманите во државата по повод празникот Рамазан Бајрам. Дозволете ми од мое лично име…

March 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Две нови услуги на МВР достапни на националниот портал за електронски услуги

Министерството за дигитална трансформација денеска информира дека се достапни две нови услуги на националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk,…

April 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?