Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На крајот на мај ќе се знаат кандидатите за градоначалници од „Твоја Македонија“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > На крајот на мај ќе се знаат кандидатите за градоначалници од „Твоја Македонија“
МАКЕДОНИЈА

На крајот на мај ќе се знаат кандидатите за градоначалници од „Твоја Македонија“

Објавено February 4, 2025 16:46
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски очекува најголемиот дел од имињата за кандидати за градоначалници на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ да бидат познати во втората половина на мај, првата половина на јуни.

Одговарајќи на новинарски прашања за подготовките за Локалните избори наесен, на прес-конференција тој соопшти дека општинските комитети и коалициските партнери во рамки на, како што рече, внатрепартиска и демократска процедура, добиле порака да се пријави секој што смета дека има амбиција, програма, визија и платформа за да води некоја од општините.

-Да се пријави секој што цени дека може да додаде вредност и ќе биде вклучен во мерењата. Тоа е еден партиски и коалициски механизам кој ние го имаме, во мерењата помеѓу граѓаните, во средината во која поединецот има амбиција и, откако ќе ги сублимираме резултатите, тогаш ќе излеземе во јавноста со имиња, рече Мицкоски на прес-конференцијата со министерот за локална самоуправа Златко Перински за вториот повик за финансирање проекти на општините.

На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори ќе ги поддржи кандидатите на коалицијата Вреди и за кои општини би имало таква коалиција, претседателот на Владата одговори дека нема конечна одлука и оти во наредните седум месеци до стартот ана кампањата ќе разговараат со коалициските партнери во Владата, но дека „природен след на настаните“ е „соработката на централно ниво да се преслика на соработка на локално ниво“.

-Природно е Владата вака како што функционира, а функционира со исклучителна кохезија, да продолжи да функционира и во избори и надвор од изборни процеси. Нечесно е политика на двојни стандарди – да имате заедничка платформа и програма и така функционирате, а на Локални избори да препознаете друга платформа или политика, додаде Мицкоски.

Прашан за амбицијата и желбата да учествува како кандидат за градоначалник на Скопје на Локалните избори, министерот Перински одговори дека тој тоа му го соопштил на претседателот на партијата, а потоа и на јавноста. Нагласи дека најважно е во рамки на органите на партијата на транспарентен и, како што рече, „кристално чист начин да се избере најсоодветното решение“.

-Затоа што извесно е дека тој ќе биде и победникот. Сметам дека можам да одговорам на предизвикот затоа што имам визија, имам план како Скопје конечно да стане европска метропола, но, секако, таа одлука ќе ја оставам на претседателот и на извршните тела на партијата. Јас сум убеден дека кој и да биде кандидатот, ќе биде едногласно поддржан од сите нас, додаде Перински.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Случајот со Фросина треба да нѐ освести, прстот во чело да си го стават оние кои интервернирале во обвинителството и судството
Следна Статија Јелена Розга ќе се мажи за 11 години помладиот Иван, син на Тончи Хулиќ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ни автобусите од ЕУ нема да го решат проблемот со јавниот превоз во Скопје

Во јавниот градски превоз во главниот град следната недела треба да се вклучат шест нови еколошки автобуси на компримиран природен…

November 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

Хоџа: Борбата против аерозагадувањето е мој приоритет – нула толеранција за загадувачите!

Денеска во просториите на Министерството за животна средина и планирање се одржа итна координативна средба на која беа повикани заменик-министерката…

December 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Квалитетот на амбиентниот воздух во Трубарево е во рамки на дозволените граници

Квалитетот на амбиентниот воздух во Трубарево е во рамки на дозволените граници, инфомираат од Министерството за животна средина и просторно…

September 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Четири девојчиња им го стоплија срцето на скопските пожарникари: „Кога телото ти се предава…, благодариме што ни го вративте здивот“

Пожарникарот Васе од скопската противпожарна бригада сподели на социјалните мрежи дека по напорниот ден, ги чекало вистинско изненадување во базата.…

July 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?