Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски за случајот „Штекли“: Одлучно и сурово ќе одговориме. Нема да се мижи како што се мижело претходно
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски за случајот „Штекли“: Одлучно и сурово ќе одговориме. Нема да се мижи како што се мижело претходно
МАКЕДОНИЈА

Тошковски за случајот „Штекли“: Одлучно и сурово ќе одговориме. Нема да се мижи како што се мижело претходно

Објавено November 14, 2024 12:26
Сподели
Сподели

Добро е што немаме животозагрозувачка состојба на никого во овој момент, лошо е што криминалните банди си „хараат“ и денеска, но, соодветно, одлучно и сурово како институции ќе одговориме на сите оние кои што го „реметат“ мирот на македонските граѓани, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во врска со денешниот настан во кој експлозивната направа била фрлена во двор во скопска Керамидница.

Одговарајќи на новинарско прашање на дебатата „Платформа: 100% посветени за тебе на тема „Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“, Тошковски посочи дека јасно и одлучно ќе се борат против криминалот и против организираниот криминал.

– Убиства имало и ќе има, бомби фрлање имало и ќе има, прашањето е како државата и институциите соодветно ќе одговорат на тоа, рече министерот.

Во однос на прашањето дали можело да им се влезе во траг на напаѓачите, имајќи предвид дека нападот бил најавен на социјалната мрежа ТикТок, министерот одговори дека ќе постапат во рамките на капацитетите што ги имаат.

-МВР не може да направи чуда, но може да работи чесно, посветено и професионално и во рамки на сето она што е надлежност на министерството, согласно капацитетите што ги имаме, ќе постапиме. Нема да се мижи како што се мижело претходно, рече тој.

Утрово од Министерството за внатрешни работи информираа дека едно лице е повредено денеска од експлозивна направа која била фрлена во двор во скопска Керамидница, соопшти МВР.

Денеска (14.11.2024) во 09.20 ч. во СВР Скопје било пријавено дека во дворно место во населба Керамидница во Скопје била фрлена експлозивна направа. Од експлозијата со повреди се здобил Р.Т., кој е пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош, соопштија од МВР.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Македонија има патентирано изум кој за 15 минути растерува магла и го намалува загадувањето, но 24 години некој го држи во фиока
Следна Статија Скандал го тресе англискиот фудбал – Судија од Премиер лигата фатен како шмрка кокаин (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Процесот на пристапување кон ЕУ мора да се темели на заслуги и реформи, со јасни критериуми

Премиерот Христијан Мицкоски денес се обрати на Конгрес на ЕПП каде порача дека процесот на пристапување кон ЕУ мора да…

April 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со претставници на Konrad-Adenauer-Stiftung: За многу проекти кои заедно ќе ги сработиме

Премиерот Христијан Мицкоски се наоѓа во работна посета на Германија каде оствари низа средби со значајни личности. За нови проекти…

October 15, 2024
МАКЕДОНИЈА

Работна посета на министерот Муцунски на германската покраина Северна Рајна – Вестфалија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес престојува во работна посета на германската покраина Северна…

May 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пратениците ќе расправаат за интерпелациите против Меџити, Стоилковиќ, Тошковски, Исени и Даути

Собранието денеска треба да ја започне 29. седница на која на дневен ред се пет интерпелации. Четири интерпелации се поднесени…

January 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?