Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЈПДП: Се укинува наплатата со МКард на лентите за МТАГ за да нема застој во сообраќајот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ЈПДП: Се укинува наплатата со МКард на лентите за МТАГ за да нема застој во сообраќајот
МАКЕДОНИЈА

ЈПДП: Се укинува наплатата со МКард на лентите за МТАГ за да нема застој во сообраќајот

Објавено May 26, 2026 20:27
Сподели
Сподели

Јавното претпријатие за државни патишта ги известува корисниците на услугите на наплатните станици дека согласно со оперативните измени во функционирањето на системот за наплата, почнувајќи од 15 јуни 2026 година, на наплатните станици (патарините) лентите означени за МТАГ ќе бидат наменети „исклучиво за користење од страна на корисници со електронски тагови“.

Со наведената измена, вршењето на наплата со „МКард“ на овие ленти се укинува. Корисниците кои користат „МКард“ ќе ја реализираат наплатата на останатите достапни ленти на наплатната станица, согласно со нивната намена.

ЈПДП укажува и апелира до корисниците на строго почитување на вертикалната и хоризонталната сигнализација, како и на информативните електронски табли поставени пред и на самите наплатни станици, каде е извршена јасна категоризација на лентите по вид на плаќање:
• електронска наплата (MTAG / MCARD)
• готовинско плаќање (CASH)

Воедно, за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, корисниците се должни да ја следат сигнализацијата за статусот на лентите:
• зелена стрелка – означува активна (отворена) лента
• црвен икс (X) – означува затворена лента

Непочитувањето на означувањето и намената на лентите може да предизвика застои во сообраќајот и да влијае врз безбедноста и ефикасноста на сообраќајот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поскапуваат бензините, дизелот без промена
Следна Статија „Кроација ерлајнс“ ги крати летовите кон Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши до средината на јуни

Истрагата за пожарот во Кочани, мора да заврши до средината на идниот месец. Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, во интервју…

May 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Добро е што ДУИ се огради од „бегалецот од правдата“, ги охрабрувам и во иднина да го сторат истото

Не би сакал да шпекулирам каде се наоѓа Артан Груби. Битно е дека е распишана меѓународна потерница по лицето кое…

December 23, 2024
МАКЕДОНИЈА

Царината заплени златен накит, лекови, облека, цигари…

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани златен…

October 15, 2024
МАКЕДОНИЈА

Бранко Тричковски јавно му посака смрт на премиерот Христијан Мицкоски

Пропагандистот на опозициската СДСМ, Бранко Тричковски, вчера објавил гнасен коментар на социјалната мрежа Фејсбук, а во врска со информацијата за…

October 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?