Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Надминат прагот на алармирање за загаденост на воздухот во Струмица, дадени препораки
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Надминат прагот на алармирање за загаденост на воздухот во Струмица, дадени препораки
МАКЕДОНИЈА

Надминат прагот на алармирање за загаденост на воздухот во Струмица, дадени препораки

Објавено January 2, 2025 18:22
Сподели
Сподели

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg /m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерното место Струмица.

Прагот на алармирање е дефиниран во Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година), се вели во соопштението од МЖСПП.

Согласно настанатата состојба, посочуваат од Министерството, за Струмица важат повеќе мерки меѓу кои да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на инсталациите со А-Интегрирана еколошка дозвола, да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на терен за контрола на инсталациите со Б-Интегрирани еколошки дозволи и Елаборати, како и инсталациите со континуиран мониторинг да овозможат јавен пристап на измерените податоци. Се препорачува и да се интензивираат вонредните контроли на техничката исправност на возилата, особено оние со дизел горива и нерегистрирани возила, да се интензивираат вонредните контроли на градилиштата и забрана на горење на отворено.

Се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар. Се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11.00 до 17.00 часот Се препорачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено, препорачуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во џебовите на убиецот од Цетиње пронајдени 80 куршуми
Следна Статија Директорот на АНБ Бојан Христовски доби НАТО сертификат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Таксист среде Скопје насилно им зел пари на брачен пар од Австралија

На 05.10.2024 во 21.00 часот во СВР Скопје, Ј.К.(37) од Австралија пријавил дека околу 19.40 часот во Скопје, тој и…

October 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Од Охрид почна промоцијата на порталот на кој ќе има 200 електронски услуги за граѓаните

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска беше присутен во Охрид, каде што го означи почетокот на кампањата за промоција…

August 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Хоспитализирани 152 пациенти по трагедијата во Кочани, 18 се во критична состојба

Во моментов, 152 пациенти се хоспитализирани во различни здравствени установи низ државата, каде што им се пружа неопходна медицинска помош,…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во недела стрелките на часовникот ќе се вратат за еден час – Македонија преминува на зимско сметање на времето

Во ноќта меѓу сабота и недела, на 26 октомври во 03:00 часот по полноќ, Македонија преминува на зимско сметање на…

October 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?