Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Министерот Муцунски на Харвард: ЕУ мора да ги интегрира земјите-кандидати од Западен Балкан во својата визија за иднината
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Министерот Муцунски на Харвард: ЕУ мора да ги интегрира земјите-кандидати од Западен Балкан во својата визија за иднината
МАКЕДОНИЈА

Министерот Муцунски на Харвард: ЕУ мора да ги интегрира земјите-кандидати од Западен Балкан во својата визија за иднината

Објавено February 2, 2025 13:24
Сподели
Сподели

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Бостон, вчера се обрати на 11-тата Европска конференција на Универзитетот Харвард, насловена „Лидер или сонувач? Улогата на Европа во фрагментираниот светски поредок“. Овој настан претставува еден од најзначајните форуми за трансатлантски дијалог и европски прашања во САД, обединувајќи водечки научници, креатори на политики, лидери и студенти од двете страни на Атлантикот.

Во своето обраќање на панелот „Улогата на Европа во глобалната дипломатија – поврзување на Балканот и пошироко“, министерот потенцираше дека Европската унија мора да се справи со постоечките нееднаквости и да ги интегрира земјите-кандидати од Западен Балкан во својата визија за иднината. Истакна дека е неопходно засилување на постепената интеграција на регионот во различни политики на ЕУ, како и продлабочување на соработката во стратешки области како енергијата, климатските промени, одбраната и безбедноста.

Министерот Муцунски нагласи дека ЕУ политиката кон Западен Балкан е тест за нејзината глобална амбиција. Доколку Унијата има цел да ја зајакне својата геополитичка и геоекономска позиција, таа мора да започне токму од регионот.

Кредибилитетот на Унијата не се гради само преку зборови, туку со конкретни дела. Европа мора да преземе поголема одговорност за регионот, но истовремено и ние во Западен Балкан мораме да ја разбереме оваа реалност и да го направиме нашиот дел“, истакна тој во своето обраќање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шекеринска тврди дека не ургирала за возачот кој ја усмрти Фросина
Следна Статија Бараме да одговара и таткото на убиецот и судијката кои наместо да изразат сочувство, кукавички бришат профили, рече сестрата на Фросина на протестот во Кавадарци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Законот за правична застапеност обезбедува професионализам и компетентност на сите граѓани во Македонија

Законот за правична застапеност обезбедува професионализам и компетентност на сите граѓани во Македонија, изјави премиерот Христијан Мицкоски по денешната посета…

June 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

80 години од кодификацијата на македонскиот литературен јазик

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје денеска организира чествување  по повод Денот на македонскиот јазик и 80-годишнината од…

May 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Одѕивот на вториот круг од локалните избори до 9 часот е 2,88 отсто, а гласале 22 379 граѓани, објави на…

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ве гледаме! – Герила Акција пред судницата на КПУ Идризово

Движењето „Кој е Следен?“ на 19 ноември 2025 година, пред судницата на „КПУ Идризово“ изведе герила акција пред започнувањето на…

November 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?