Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филков најавува зголемување на старосната граница за пензионирање на судиите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Филков најавува зголемување на старосната граница за пензионирање на судиите
МАКЕДОНИЈА

Филков најавува зголемување на старосната граница за пензионирање на судиите

Објавено October 16, 2024 14:20
Сподели
Сподели

Министерот за правда, Игор Филков најавува зголемување на старосната граница за пензионирање на судиите. На денешната прес-конференција по повод 100 дена Влада, Филков појасни дека законското решение ќе мора да се донесе во најскоро време, со оглед дека судството може да се соочи со проблем.

-Имаме реален проблем и работиме на измените. Мислам дека предложената граница ќе биде 67 години и ќе важи за сите судии, појасни Филков, одговарајќи на новинарски прашања.

Недостигот на судии во македонските судови влијае на квалитетот на пресудите. Голем дел од судовите работат со помалку од една третина од предвидените судии. Тоа значи повеќе работа за секој судија, трупање предмети, одолговлекување на пресудите.

Тотален колапс на судството ќе има за околу 10 години ако продолжи ова темпо на одлив на судии и неизбирање нови – ова го покажала анализата на невладината „Коалиција сите за правично судење“, според која за 5 години, во пензија и нешто со разрешувања од судството заминале 177 судии, а биле избрани само 52 од дипломираните кандидати од Академијата за судии и јавни обвинители.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кешишев ги однел полицајците до телото на Вања: „Ако дознае Палчо за ова, ќе ме убие“
Следна Статија Лога го испразнил кабинетот пред заминување: Си ja зел со себе целата документација, ги нема ни препораките на ЕК

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Очекувам проблемот со превозниците да се реши, од септември се разговара со ЕК

Од септември месец ова прашање е на дневен ред во рамки на нашите разговори со Европската комисија. Министерот за надворешни…

January 27, 2026
МАКЕДОНИЈА

Штетите од силното невреме ќе се рефундираат од надлежните институции

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, а во врска со вчерашното невреме, истакна дека градоначалниците со нивните тимови…

July 22, 2026
МАКЕДОНИЈА

Нема веќе пиротехника во затворен простор: Законските измени добија едногласна поддршка од пратениците

Со 87 гласа „за“, без гласови против и без воздржани во Собранието беше поддржан Предлог-законот за изменување и дополнување на…

April 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Еден од двата лифта расипан во МРТВ, ред се чека 40 минути | ФОТО

До нашата редакција пристигна фотографии од МРТВ каде што еден од двата лифта не работи пренесува Сител.  Во зграда која…

December 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?