Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кешишев ги однел полицајците до телото на Вања: „Ако дознае Палчо за ова, ќе ме убие“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кешишев ги однел полицајците до телото на Вања: „Ако дознае Палчо за ова, ќе ме убие“
ХРОНИКА

Кешишев ги однел полицајците до телото на Вања: „Ако дознае Палчо за ова, ќе ме убие“

Објавено October 16, 2024 14:00
Сподели
Сподели

Влатко Кешишев го уапсивме во просториите на политичката партија Десна со уште други две лица. Беше чуден сплет на околности. Во текот на самиот разговор тогаш почна да збори лоши работи за првоосомничениот Палчо. Со мене сакаше само да зборува, не со колегите. И во еден момент рече дека ќе ме однесе некаде за да ми покаже нешто. Бараше да бидеме сами. Имаше доверба во мене, се плашеше од другите. Тогаш рече дека се плаши од другите колеги, рече „ако дознае Палчо ќе ме убие“, рече помошник началникот при СВР Скопје за криминалистички работи Музафер Каришиќ, кој бил вклучен во потрагата на сторителите за случајот со убиствата на Вања и Панче на денешното рочиште во Кривичен суд.

Тој кажа дека потоа Кешишев ги однел до запаленото возило, а потоа и до телото на Вања.

„Тргнавме со други екипи. Отидовме до запаленото возило, ние го знаевме тоа, бидејќи службите беа таму. Таму имавме разговор кој пак го правеше само со мене и тогаш беа тие моменти кога сакаше, па се премислуваше да каже нешто, за да во еден момент рече: „Ајде ќе ве однесам, има едно црно патче“. Тоа беше од спротива кон црквата. Се качивме 200-300 метри и рече да искочиме, тоа беше широк огромен простор. Имаше чудна комуникација, сакаше да каже нешто, па пак рече „не можам, не можам, не можам“. Немавме претстава, што се случува. И едно време рече „ајде“. Цело време беше со мене, не се одвојуваше. Тогаш јас го прашував „каде е, каде е?“ Но, не дефинирав што, бидејќи не знаеш ниту што сака да покаже. Тогаш со глава посочи, не сакаше ниту со рака да покаже. Видовме перници, и тогаш морав да ги информирам колегите тоа беше страшна глетка. Во тие моменти инсистиравме да каже, кажа дека стоел подалеку, но рече дека мисли дека е тука. Ме фати за рака и ми рече дека тука е девојчето кое е грабнато. И почна сам да копа, се виде носот, веѓата и дел од ногата. Тогаш го спомена Палчо, рече дека ја земале и тука фрлиле. Но, тоа беа минути. И тогаш кажа дека Палчо пукал во неа, и повторуваше цело време дека тој бил на страна.“, рече Каришиќ.

Обвинителството потоа како ги поврзале случаите, по што Каришиќ кажа:

„Ни стана јасно, бидејќи цитроенот беше на исчезнатиот Панче. Кешишев ни кажа дека во возилото бил Боре, каратист од Велес, и нѝ кажа како да го обезбедиме“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бислимовски: Воведувањето на дополнителен час евтина тарифа ќе се одложи за наредната година
Следна Статија Филков најавува зголемување на старосната граница за пензионирање на судиите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Уапсено е лице што за време на натпреварот во Куманово се обидело да внесе транспарент со навредлива содржина

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Куманово денеска лишија од слобода триесетгодишен кумановец што се сомничи дека за…

August 5, 2025
ХРОНИКА

Велосипедист и возач се тепале во Ѓорче Петров

На 08.03.2025 година во 16.10 часот во СВР Скопје, Л.П.(20) од Скопје пријавил дека истиот ден, околу 15.45 часот на…

March 9, 2025
ХРОНИКА

Штипјанецот кој ја уби мајка си имал 2,43 промили алкохол, ја прободел со ловечки нож во вратот

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело…

August 8, 2025
ХРОНИКА

Стружанецот по кој се трагаше два дена е пронајден мртов

Во атарот на струшкото село Глобочица околу пладне е пронајдено безживотното тело на 60-годишниот жител на Струга, кој пред два…

October 23, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?