Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски од Струмица на 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ: Идејата за Македонија денес е посилна од било кога
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски од Струмица на 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ: Идејата за Македонија денес е посилна од било кога
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски од Струмица на 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ: Идејата за Македонија денес е посилна од било кога

Објавено June 17, 2026 22:00
Сподели
Сподели

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, вечерва од Струмица порача дека идејата која започнала пред 36 години со формирањето на ВМРО-ДПМНЕ не само што опстанала, туку денес е посилна од кога било.

Во своето обраќање по повод 36-годишнината на партијата, Мицкоски истакна дека собирот не е само одбележување на јубилеј, туку потврда дека сонот за Македонија продолжува да живее и да се развива.

-Вечерва сме собрани да покажеме дека идејата која започна пред 36 години не само што опстана, туку денес е посилна од кога било. Таа идеја, тој наш сон отсекогаш бил и ќе остане Македонија, рече Мицкоски.

 

Тој нагласи дека Македонија повторно има енергија, надеж и визија, додавајќи дека граѓаните повторно веруваат во себе и во иднината на државата.

 

Според него, силата на Македонија се гледа во народот кој, како што рече, не се откажал од својата татковина и останал исправен и во најтешките периоди. Мицкоски оцени дека токму таа народна енергија е двигателот на промените и напредокот.

 

Од Струмица беше испратена порака дека државата се движи напред и дека процесот на развој мора да продолжи со засилено темпо.

 

-Македонија се исправа, чекор по чекор одиме напред и мора да забрза. Тоа е нашата обврска. Македонија која забрзува, истакна премиерот.

Во своето обраќање тој се осврна и на критиките дека резултатите не се доволно брзи, посочувајќи дека ги разбира очекувањата на граѓаните, но и тежината на наследените проблеми.

-Би сакал да имам, но немам магично стапче со кое преку ноќ ќе ги решиме проблемите, но немам. Можам да кажам дека правиме чекори напред. Мали, можеби не толку големи, но сигурни, рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скандал на Светското првенство: Фудбалер местел натпревари, па завршил во затвор!
Следна Статија Савески: Јавувањето од премиерот не гледам дека ми се удри од глава, немаше ниту еден збор од него што го почувствував како притисок

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и Волково

На територијата на државата до 18:00 часот се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои 21 се активни,…

July 9, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски се присети на средбата со Јакимовски во 2021 година: Ми вели, ако треба и на колена ќе клекнам, те молам да ја имам вашата поддршка

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес се обрати од маалската средба која се одржа во општина Карпош. Мицкоски зборуваше за…

October 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Град Скопје излезе со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух

Град Скопје издаде препораки и мерки за заштита на амбиенталниот воздух откако утринава Министерството за животна средина и просторно планирање…

December 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски оствари средба со амбасадорот на Република Австрија

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски оствари работна средба со Н. Е Мартин Памер, амбасадор на Република Австрија. Претседателот на…

July 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?