Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на Обединетите нации
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на Обединетите нации
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на Обединетите нации

Објавено June 4, 2026 20:56
Сподели
Сподели

Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на Обединетите нации (ОН). Огромен успех за државата и македонската дипломатија. Избрани сме со 174 гласа, објави премиерот Христијан Мицкоски во врска со изборот на Македонија за членка во на Економскиот и социјалниот совет на ОН – ЕКОСОК, за периодот 2027–2029 година.

-Во Обединетите нации во Њујорк, нашата држава беше избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на ОН – ЕКОСОК, за периодот 2027–2029 година. Овој избор е потврда дека државата може да постигнува резултати кога работи плански, сериозно и со јасна дипломатска цел. Тоа е признание за трудот на нашата активната дипломатија и за довербата што ја градиме со нашите партнери, нагласи Мицкоски.

Во изминатиот период, додаде премиерот, Македонија стана членка на Советот за човекови права на Обединетите нации, како и на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското оружје. А денешниот избор во ЕКОСОК, истакна тој, е продолжение на тој позитивен тренд и доказ дека нашето присуство во меѓународните организации станува посилно и повидливо.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Валенсија го продолжи договорот со Димитриевски до 2028-ма година
Следна Статија Парламентот ја изгласа новата влада на Словенија, предводена од Јанша

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Рудникот „Тораница“ казнет со 200.000 евра за загадување на Крива Река

По извршен вонреден инспекциски надзор на ден 24.03.2025 година, од страна на Државниот инспекторат за животна средина, утврдено е дека…

March 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сајкоски, Ковачки и Мицевски на Семакедонскиот собор во спомен на 110 години од убиството на Сандански

Денес, заедно со пратениците, Драган Ковачки и Никола Мицевски ја имаме честа да присуствуваме на Семакедонскиот традиционален собор во спомен…

April 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Милошоски: Незаконски избор на судии во Апелација, Камбовски изврши и кривично дело

Потпретседателот на Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски го коментираше вчерашениот избор на судии во Апелацискиот суд нарекувајќи го…

May 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

УХМР: Во Куманово и околината поројни дождови, а невремето се движи од запад кон исток

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека во Куманово и околината има поројни врнежи и грмежи, а невремето се движи…

July 12, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?