Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Точно се определени начините како можат да се трошат средствата обезбедени преку кредитната линија од Унгарија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Точно се определени начините како можат да се трошат средствата обезбедени преку кредитната линија од Унгарија
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Точно се определени начините како можат да се трошат средствата обезбедени преку кредитната линија од Унгарија

Објавено February 26, 2025 13:24
Сподели
Сподели

Средствата обезбедени преку кредитните линии од Унгарија се трошат наменски. Владата има донесено уредба со која точно се дефинирани начините како можат да се користат тие средства, така што нема основа за шпекулации за нивно ненаменско трошење. Тоа денеска го изјави премиерот Христијан Мицкоски во Неготино, во врска обвинувањата од опозицијата за ненаменско трошење на средствата.

Мицкоски посочи дека опозицијата може сешто да каже, но оти за се што е кажано треба да постојат докази.

-И да сакаме не можеме, Владата донесе уредба, одредени се начините како можат да се трошат средства од кредитот, рече тој.

По однос самите средства обезбедени преку кредитните линии од Унгарија, тој посочи дека интересот е исклучително голем. Според информациите со кои располага, а за што, како што рече, на дневна основа го брифирала министерката за финансии, Мицкоски истакна дека само една од банките има побарувања во износ од 180 милиони евра за финансирање проекти.

-Кога ќе ги собереме сите банки, тој износ изнесува повеќе од 350 милиони евра, што значи дека и овие 250 ќе бидат малку. Можеби ќе треба повторно да ги користиме нашите пријатели и сојузници надвор од Македонија за нова кредитна линија под ултра поволни услови. Гледаме дека ова е начинот како да го развиваме стопанството, рече тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: „Додека не ја променат оптиката што е својствена за песочните плажи, уште долго ќе бидат во опозиција!“
Следна Статија Има закон и ќе одговараат пред него, им порача Мицкоски на супер маркетите кои картелски се здружуваат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Железницата Бељаковце – Крива Паланка е инженерско чудо, Македонија е способна за големи подвизи

Изградбата на железничката делница Бељаковце-Крива Паланка претставува „инженерско чудо“ и доказ дека државата е способна за реализација на големи инфраструктурни…

June 11, 2026
ЕКОНОМИЈА

Стојаноски: Со Буџетот за 2026 ќе обезбедиме повисоки плати и пензии, капитални инвестиции и економски раст

Во вчерашната емисија „Став на регионот“ на телевизија Њузмакс Балканс, гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој во…

November 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

По три години, од 3 мај летови Скопје – Барселона, стартува и авиолинијата за Лион

Меѓународниот аеродром Скопје од 3 мај се поврзува со Барселона и Лион. Летовите ќе ги реализира Виз ер со субвенции…

April 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мазутот поевтин, бензините и дизелот остануваат со иста цена

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со…

October 18, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?