Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стојаноски: Со Буџетот за 2026 ќе обезбедиме повисоки плати и пензии, капитални инвестиции и економски раст
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Стојаноски: Со Буџетот за 2026 ќе обезбедиме повисоки плати и пензии, капитални инвестиции и економски раст
ЕКОНОМИЈА

Стојаноски: Со Буџетот за 2026 ќе обезбедиме повисоки плати и пензии, капитални инвестиции и економски раст

Објавено November 13, 2025 09:32
Сподели
Сподели

Во вчерашната емисија „Став на регионот“ на телевизија Њузмакс Балканс, гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој во фокусот го стави Буџетот за 2026 година со рекорден износ од 6,7 милијарди евра, при што нагласи дека се обезбедени повеќе средства за плати и пензии како и реална сума за капитални инвестиции, со кои државата ќе продолжи да се развива.

-Тоа е документ којшто е реален и нуди решенија за проблемите на граѓаните и со кои што ние ја даваме конкретната слика за нашата економска филозофија, а тоа е реализација на капитални инвестиции, повеќе пари за плати, повеќе пари за пензии, нови училишта, спортски игралишта нови болници, развивање на инфраструктурата. И тоа што сметаме ние дека е важно е секако финансиска консолидација, нешто што и беше клучно потребно на нашата држава, рече Стојаноски.

Стојаноски во своето гостување истакна дека буџетот претставува реално планирање засновано на досегашните резултати, односно буџет кој ќе обезбеди континуиран економски раст, капитални инвестиции и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

-Она коешто е важно и коешто граѓаните треба да го знаат, сме успеале да обезбедиме повеќе средства и за повисоки плати, пензии и една сума којашто е реална за реализација на капиталните инвестиции, бидејќи сметаме дека оваа држава треба на тој начин да се развива. Она коешто е важно имаме проектирано и повисок раст на БДП, којшто е по основ на досегашниот раст од кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, 4 квартали имаме над 3% раст, дефицитот е намален за 0,5%, и што ни дава можност да веруваме дека ова е едно реално планирање на овој програмски документ. По основ на тоа што е планирано и реализирано оваа година, затоа имаме испланирано за оваа година 660 милиони евра за капитални инвестиции, за зрели проекти, проекти кои се веќе во реализација и ќе се потпреме на оние проекти во општините кои државата ги финансира, а сега се во полн ек на реализација, рече Стојаноски

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поранешен градоначалник одбил функција во СДС, поради недоверба во лидерството на Филипче
Следна Статија Чурлинов пред денешнит меч: На секој дуел одиме на победа, така ќе биде и против Летонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Царинската управа почна опсежни истраги на увози на автомобили од 2022 до 2024 година

Царинската управа започна со опсежни истраги на увози на автомобили во октомври 2024 година. Притоа во период од година ипол,…

March 19, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Просекот на поминување по пругата сега е 12 часа, затоа ни е потребна изградба на нова, брза пруга

Има физибилити студија за брзата пруга од Коридорот 10 и таа е испратена до финансиските институции, изјави вечерва вицепремиерот и…

June 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Македонија може да ја искористи целата ситуација за да ги зацврсти односите со САД – ова може да биде шанса за македонската економија

Македонија од ова може да искористи, можеби ќе успееме да ги направиме уште поцврсти врските со Соединетите Американски Држави и…

April 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Извршниот директор на ‘Вашингтон пост’ поднесе оставка после масовните отпуштања

Извршниот директор и издавач на Вашингтон пост, Вил Луис, поднесе оставка само неколку дена по објавените масовни отпуштања.

February 9, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?