Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вторник почнува постапката: Нови локомотиви, модернизирани станици и брз воз со кој за час и пол ќе стигаме до Солун
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Вторник почнува постапката: Нови локомотиви, модернизирани станици и брз воз со кој за час и пол ќе стигаме до Солун
ЕКОНОМИЈА

Вторник почнува постапката: Нови локомотиви, модернизирани станици и брз воз со кој за час и пол ќе стигаме до Солун

Објавено June 7, 2025 10:13
Сподели
Сподели

Се надзираат контурите за почеток на најголемиот инфраструктурен проект во регионот. Формирање на координативното тело во вторник и започнување на постапка за обезбедување на финансиски средства за реализација на проектот брза пруга, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Проектот брза пруга Табановце-Гевгелија ќе чини од 1,7 до 2 милијарди евра и ќе биде најголем поединечен проект во Македонија. Новата брза пруга ќе биде со нови возови, локомотиви и целосно модернизирана и реконструирани железнички станица во Скопје и реконструирани станици низ Македонија. Со брзата пруга предвидено е патнички сообраќај да биде до 160 км на час, а товарниот сообраќај до 120 км на час. Граѓаните ќе можат да патуваат за час и пол до Солун, 4 до 5 часа до Виена. Со поддршка и следење на британските и европските стандарди овој проект е од големо значење и ќе ја подобри безбедноста во железничкиот сообраќај. Брз и ефикасен железнички сообраќај од граница на Србија до граница на Грција. Делницата Табановце – Гевгелија ќе се скрати од 235 км што е моментално, влез излез од државата, се планира да биде 200 и под 200 км. Целта е да имаме брза пруга и брз транспорт. Македонија конечно ќе почне да ја користи добрата местоположба и ќе се впише на мапата на карго Европа. Карго транспортот се предвидува да донесе од 100 – 120 милиони годишен приход од товарниот сообраќај. Со развојот на железничката и патната инфраструктура се создаваат можности за поврзување, за подобар и поквалитетен живот на граѓаните, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЕУ се согласи да го зголеми времето на доцнење на летовите пред патниците да добијат надомест
Следна Статија Newsmax: Велика Британија инвестира 5 милијарди фунти во Македонија: Стратешко партнерство со ефекти за цел регион

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Затворањето на погонот на Тајсон во Небраска ќе влијае на градот и фармерите низ земјата

Одлуката на Тајсон Фудс да затвори погон за говедско месо во Лексингтон, Небраска, може да има сериозни економски последици за…

November 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Кичево-Охрид ќе го решиме во рокот иако имавме класична финансиска опструкција за автопатот

Автопатот Охрид-Кичево, кој е еден од најдолгите и најконтроверзни инфраструктурни проекти во државата, ќе биде целосно завршен до крајот на…

May 9, 2026
ЕКОНОМИЈА

Без алкохол, цигари, летување во странство бидејќи се луксуз – новата потрошувачка кошничка ќе биде презентирана следната недела

Просечната потрошувачка кошничка нема да служи нити за креирање на јавно мислење, ни за политиканство како што претходно се правело,…

April 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Просечната нето плата во мај достигна скоро 50 000 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај годинава изнесуваше 49.544 денари, а во однос на мај лани е повисока…

July 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?