Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Телеком, A1, Цементарница и ЕВН ќе плаќаат поголем данок во Македонија, најави Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Телеком, A1, Цементарница и ЕВН ќе плаќаат поголем данок во Македонија, најави Мицкоски
ЕКОНОМИЈА

Телеком, A1, Цементарница и ЕВН ќе плаќаат поголем данок во Македонија, најави Мицкоски

Објавено December 4, 2024 20:40
Сподели
Сподели

Компаниите од земјава кои се дел од странски корпорации, а остваруваат приход над 10, а профит поголем од 1 милион евра ќе плаќаат 15 проценти данок на профитот. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски, кој рече дека единствена нова давачка која ја планира Владата е усогласување на глобалниот корпоративен данок. Законската регулатива ќе се усогласува до крајот на годинава.

„Тоа подразбира дека сите оние компании кои што на глобално ниво имаат приходи поголеми од 750 милиони евра, овде кај нас повеќе од 10 милиони евра и профит поголем од 1 милион евра, мора да платат консолидиран данок од 15 проценти на профит.“, рече Мицкоски.

Владата детектира три типа на вакви компании кај нас. И тоа оние кои користат даночни ослободувања во слободните економски зони, надвор од нив, но и компании кои даваат услуги, како „Телеком“,„ А1“, „Цементара“, „ЕВН“.

„Во македонскиот даночен систем е рамен данокот од 10 проценти. Што ќе се случи. Тие оствариле профит од 100 парички, ќе платат 10 парички, 10 проценти тука, а останатите 5 ќе мора да ги платат во матичната држава. Тоа не е фер, тоа не е фер. Ако тие профитираат од македонските граѓани, и ако македонските граѓани ги плаќаат своите сметки, тогаш треба тие 15 проценти да ги платат тука“, изјави Мицкоски.

Станува збор за минимална глобална даночна стапка, предвидена во еден од двата столба на договорот постигнат во рамки на Организацијата за економска соработка и развој ОЕЦД. 136 земји низ светот, меѓу кои и Македонија се потпишаа на договорот со цел да обезбедат пофер оданочување на корпорациите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кавадарци му оддаде признание на Андон Дончевски
Следна Статија Бонусите на СЈО се враќаат во Обвинителството за организиран криминал – Цветановски не потклекна на притисоците

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Банките во Македонија треба да се подготват за интегрирање во СЕПА од октомври

Пристапувањето кон СЕПА претставува историски напредок на патот кон Европската Унија и потврда за реформите што ги предводеше Народната банка…

May 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Митева: Бројките ги одразуваат стабилните економски перформанси – БДП за 2024 е 2.8%, а СДИ достигнаа над 1 милијарда евра

Од првиот ден, нашата Влада е посветена на градење силна, стабилна и просперитетна економија, економија која дава реални резултати за…

March 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Со златни резерви од 6,9 тони, Македонија 78. во светот

Македонија се наоѓа на 78. место во светот според девизните резерви во злато од 6,89 тони, покажува најновиот извештај на…

October 21, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Исплатени околу пет милиони евра субвенции на повеќе од 12 000 лозари

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека поддршката за производителите во сите земјоделски гранки продолжува и тоа, како што напомена, е…

February 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?