Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од јуни нова железничка линија ќе ги поврзе Прилеп, Битола и Жабени – повратна карта ќе чини 150 денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Од јуни нова железничка линија ќе ги поврзе Прилеп, Битола и Жабени – повратна карта ќе чини 150 денари
ЕКОНОМИЈА

Од јуни нова железничка линија ќе ги поврзе Прилеп, Битола и Жабени – повратна карта ќе чини 150 денари

Објавено April 16, 2026 16:51
Сподели
Сподели

Министерот за транспорт Александар Николоски најави дека најдоцна до јуни годинава ќе биде пуштена железничка линија на релација Прилеп-Битола-Жабени. Повратна карта ќе чини 150 денари.

Николоски вели дека железничката линија се воведува за на граѓаните што имаат дневна потреба помеѓу овие два града, како и за оние што работат во индустриската зона Жабени, да им се овозможи брзо и навремено пристигнување, додека во меѓувреме трае изградбата на автопатот Прилеп-Битола.

„Свесни сме дека во моментов е отежната комуникацијата помеѓу Прилеп и Битола. Се користи стариот пат кој е со помал проток и за таа цел најдоцна до јуни ќе пуштиме меѓуградски воз кој би оперирал на линија Прилеп-Битола-Жабени за на тој начин да можат оние што имаат дневна потреба помеѓу овие два града, а и оние што работат во индустриската зона Жабени да го користат возот, што би значело навремено и брзо пристигнување“,рече Николоски по увидот на изградбата на автопатот Прилеп-Битола.

Министерот рече дека изградбата на автопатот Прилеп-Битола тече одлично. Според најавите на изведувачите, автопатската делница треба да биде готова пред рокот, кој е до крајот на 2029 година.

„Она што го добив како ветување од изведувачите е дека следната пролет ќе можеме да возиме по првите километри од автопатот Прилеп-Битола, а пред рокот да се заврши целиот автопат. Добив ветување дека пролетта 2029 година ќе има комплетно автопатско решение од Прилеп до Битола“,рече Николоски.

Министерот рече дека во текот на јуни или јули годинава се очекува да биде готово и конечното решение за продолжување со работата на патот после тунелите кај Фариш.

„Веќе го пуштивме експресниот пат од Градско до Дреново и од Дреново до Фариш. Сега треба да го завршиме делот од Фариш до Прилеп, односно да го решиме Плетвар и да имаме до Битола целосно автопатско решение“,додава министерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Терористичка група поврзана со Иран под истрага во Македонија поради палењето на синагогата во Скопје
Следна Статија Маѓар: Унгарија, засега, не може без руската нафта

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Денес ќе соопштам добра вест за македонското стопанство!

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека денеска ќе соопшти добра вест за македонското стопанство. -Денес ќе соопштам добра вест за македонското…

November 24, 2024
ЕКОНОМИЈА

Месечната инфлација е во минус и изнесува -0,7 проценти

Месечната инфлација е во минус и изнесува -0,7 проценти кога ќе се споредат месеците октомври и септември, рече денеска премиерот…

November 9, 2024
ЕКОНОМИЈА

За осум месеци затворени десетина конфекции, странските партнери ги намалија порачките

За осум месеци затворени се десет конфекции, ова се проценките на Ангел Димитров од Организација на работодавачи. Тој посочува дека…

September 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски на средба со Советот на странски инвеститори

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе оствари работна средба со Советот на странски инвеститори. На состанокот во Стопанската комора ќе се…

March 11, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?