Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЕУ се согласи да го зголеми времето на доцнење на летовите пред патниците да добијат надомест
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > ЕУ се согласи да го зголеми времето на доцнење на летовите пред патниците да добијат надомест
СВЕТ

ЕУ се согласи да го зголеми времето на доцнење на летовите пред патниците да добијат надомест

Објавено June 7, 2025 10:11
Сподели
Сподели

ЕУ земјите се согласија да го зголемат времето на доцнење на авионските летови што е потребно за патниците да имаат право на надомест на штета, пишува Гардијан.

Според новите планови, патниците на кратки летови ќе треба да бидат задржани најмалку четири часа за да можат да побараат надомест. За долги летови, доцнењето ќе треба да биде најмалку шест часа. Според сегашните ЕУ правила, патниците можат да бараат надомест ако нивниот лет доцни повеќе од три часа.

Земјите од ЕУ, исто така, се согласија да го зголемат износот на надоместокот за оние што доцнат на летовите на кратки релации од 250 евра на 300 евра, но планираат да го намалат надоместокот за летовите на долги релации од 600 евра на 500 евра.

Измената на правата на патниците во воздушниот сообраќај на ЕУ првично беше предложена во 2013 година од страна на Европската комисија. Потребни беа 12 години преговори за земјите-членки да постигнат договор за промени во временската рамка за надомест, а плановите сè уште треба да се преговараат со Европскиот парламент пред да стапат во сила.

Европската организација за заштита на потрошувачите (BEUC) соопшти дека овој план ќе ги лиши „голем дел од патниците од нивното право на надомест“, бидејќи најголем дел од доцнењата се меѓу два и четири часа.

Индустриското здружение Airlines for Europe (A4E), исто така го осуди планот бидејќи тие бараа времето на доцнење за надомест да биде уште поголемо.

Првичниот план на Европската комисија предвидуваше зголемување на времето за надомест на пет часа за кратки летови и девет часа за долги летови.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Според научниците, ова е најздравото овошје на светот
Следна Статија Вторник почнува постапката: Нови локомотиви, модернизирани станици и брз воз со кој за час и пол ќе стигаме до Солун

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Орбан: Украина планира да го дестабилизира енергетскиот систем на Унгарија

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска ја обвини Украина дека планира да го дестабилизира унгарскиот енергетски систем и нареди распоредување…

February 25, 2026
СВЕТ

Жан-Клод Јункер до лидерите на ЕУ: Ако јадете од раката на Трамп, ќе бидете губитници

Поранешниот претседател на Европската комисија (ЕК) и долгогодишен соработник на германскиот канцелар Хелмут Кол, политичарот од Луксембург Жан-Клод Јункер (71)…

January 27, 2026
СВЕТ

Трамп планира да унапреди лојални дипломати по отповикувањето на 30 амбасадори

Администрацијата на Трамп планира да унапреди лојални дипломати по отповикувањето на 30 амбасадори на САД во светот. Отповикувањето на амбасадорите…

December 23, 2025
СВЕТ

(ФОТО) Објавени нови фотографии со Епштајн со Трамп, Клинтон и Гејтс

Демократите во петокот во Претставничкиот дом на САД објавија серија фотографии на кои се гледа дискредитираниот финансиер и осуден сексуален…

December 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?