Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Околу 1.000 фирми се затвориле во првите три месеци во оваа година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Околу 1.000 фирми се затвориле во првите три месеци во оваа година
ЕКОНОМИЈА

Околу 1.000 фирми се затвориле во првите три месеци во оваа година

Објавено April 21, 2025 17:31
Сподели
Сподели

Лош старт на годинава за некои бизниси. Иако, во првите три месеци се отвориле над 1.900 фирми, во истиот период клуч на врата ставиле околу 1.000. Ова го покажуваат податоците од Централниот регистар. Во однос на лани има незначително намалување на бројот на фирми кои затвориле, а некои драстични промени нема ниту во делот на новоотворените, објави Телма.

Податоци од Централен регистар

Новоосновани фирми – 1.940

Затворени – 986

Од бројките на Централниот регистар може да се види дека во првиот квартал, најголем број на компании кои ставиле клуч на врата се оние од секторот трговија на мало и големо, но и од преработувачката индустрија.

Освен во овие две дејности, компании кои затвориле има и во стручната научна и техничка дејност, во градежништвото, кај сервисните дејности со храна, но и во другите усложни дејности. Има и во земјоделството, транспортот и во дејноста информации и комуникации.

Најдобро поминал секторот финансии и осигурување. Таму за три месеци згаснале само шест компании.

Но, може да се види дека онаму каде што има најмногу згаснати фирми, генерално во тие сектори никнуваат и нови. Еден од секторите каде има малку новоосновани е Рударството и вадењето камен. Токму тука според последната анализа на Државниот завод за статистика има и  намалување на производството и тоа за 4,4 проценти во февруари годинава во однос на февруари лани.

Во однос на анализата за фирмите направена и оваа и минатата година од страна на Централниот регистар значајни измени нема. Но, во однос на претходните години односно од периодот кога сè уште се чувствуваше ковид и енергетската криза може да се забележи подобрување кај бројките.

Во тој период, односно во првите три месеци во 2022 година, податоците од Бизнис мрежа покажаа дека битката ја загубиле речиси 4.000 фирми. Толку бизниси за краток период ставија клуч на врата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски со порака по смртта на папата Франциск: Беше глас на совеста во време на глобални предизвици
Следна Статија Спасувале животи во „Пулс“ а сега имаат намалена плата поради боледување?!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Воведовме 11 нови авиолинии

Премиерот Христијан Мицкоски на Фејзбук потсети на новите авио линии и обезбедената финансиска подршка.

July 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Историски рекорд на Царината, за еден месец собрани над 12,6 милијарди денари

Во јули постигнавме историски успех. Остваривме највисока месечна наплата на приходи во историјата на Царинската управа – 12 милијарди и…

August 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

РАСКОЛ ВО СОЈУЗОТ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ: Георгиевски и Костадиновски разрешени од позициите потпретседатели

Горан Георгиевски и Ромео Костадиновски се отстранети од позициите заменик-претседатели на Стопанската комора на Македонија на седница на Управниот одбор…

August 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Увид во изградба на автопат Охрид-Кичево, Николоски и Трајановски на терен

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, денес…

November 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?