Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски со порака по смртта на папата Франциск: Беше глас на совеста во време на глобални предизвици
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски со порака по смртта на папата Франциск: Беше глас на совеста во време на глобални предизвици
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски со порака по смртта на папата Франциск: Беше глас на совеста во време на глобални предизвици

Објавено April 21, 2025 17:27
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски порачува дека со длабока тага ја примил веста за смртта на Неговата Светост, папата Франциск – духовен водач кој зад себе остава неизмерно хуман, чесен и посветен траг во историјата на современиот свет.

Неговата порака за мир, солидарност, грижа за најранливите и дијалог меѓу народите беше светлина за милиони луѓе, без разлика на верата или нацијата. Беше глас на совеста во време на глобални предизвици и неизмерен пример за човечност и морална храброст.

Папата Франциско низ годините континуирано ја изразуваше својата поддршка за Македонија – за нејзините напори за мир, соживот и почитување на различностите. Неговите зборови секогаш охрабруваа, а неговиот однос кон нашиот народ беше исполнет со топлина и почит.

Во мое лично име, во име на Владата и на граѓаните, упатувам најискрено сочувство до Ватикан, Католичката црква и сите верници кои денес тагуваат.

Вечна му слава и благодарност“, се вели во пораката на Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Италијанска АНСА ја објави причината за смртта на папата Франциск
Следна Статија Околу 1.000 фирми се затвориле во првите три месеци во оваа година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Владата ќе набавува 120 еколошки автобуси, 80 за Скопје

Владата најавува инвестиција во еколошки превоз.  Владата ќе набави 120 еколошки автобуси за јавен превоз, од кои 80 ќе бидат…

April 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Иницијативата за оценка на уставноста на Протоколот дочекана на „нож“ во Бугарија

Иницијативата на Лилјана Поповска, поранешна пратеничка и лидер на ДОМ, да покрене иницијатива за уставноста на фамозниот Протокол потпишан со…

August 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Милошоски: Јавниот обвинител, Лиле Стефанова и судирот на интереси

Аргумент плус дека државниот обвинител е зрел за менување покажува и неговата Одлука за надзор, со која тој ги прекршил…

February 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Конечно дишеме – ветрот го прочисти воздухот

По неколку дена екстремно загаден воздух во Скопје и неколку градови низ земјава, се чини дека ветрот „заврши работа“. Утрово…

January 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?