Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Цената за откуп на тутун е 400 денари по килограм и 100 денари субвенции, продолжуваме посветено да работиме во интерес на земјоделците
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Цената за откуп на тутун е 400 денари по килограм и 100 денари субвенции, продолжуваме посветено да работиме во интерес на земјоделците
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Цената за откуп на тутун е 400 денари по килограм и 100 денари субвенции, продолжуваме посветено да работиме во интерес на земјоделците

Објавено March 24, 2025 13:55
Сподели
Сподели

„Во земјоделието наследивме тотален хаос- и во делот на откупот, и во делот на исплатата на субвенциите, и во делот на исплатата на личните доходи во некои акционерски друштва во сопственост на државата, како и во јавните претпријатија, државни. Сето тоа успеавме во текот на овие девет месеци да го санираме, долговите да ги вратиме и исплатите да течат без проблеми.“, вели премиерот Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање.

„Од пораките што ги добив од земјоделците во овој регион, има одредено шпекулативно однесување од страна на откупувачите на зелката. Ова го добив како порака во последните ден-два. Разговарав и со министерот за земјоделство, кој ми рече дека денес ќе биде тука.“, додаде тој.

Премиерот Мицкоски истакна дека од она што е важно за Радовиш и Конче е цената на тутунот, за којашто рече дека по килограм откупен тутун изнесува 400 денари, плус 100 денари субвенции.

„Она што е важно за овој регион, радовишко и Конче, е дека имаме рекордна цена на тутунот, постигната како никогаш досега- 400 денари за килограм откупната, плус 100 денари субвенција.“, нагласи Мицкоски и потенцираше дека Владата останува посветено да работи во интерес на земјоделците.

„Оваа година субвенциите ќе бидат уште поголеми според информацијата која ја добивам од договорите, така што како Влада остануваме фокусирани и приоритет ќе ни бидат меѓу другите и земјоделците.“, дециден е премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Врз гробовите на нашите блиски градите кариери, порача Јанев и ја напушти Левица
Следна Статија ДРЖАВАТА ДАВА 1.000 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО ЗА СТРУЈА Објавени детали кој има право и како да аплицира за субвенции

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Cisco заработи повеќе од очекуваното, но акциите паднаа

Акциите на Cisco паднаа по објавувањето на финансиските резултати за фискалниот втор квартал, кои ги надминаа проценките, додека очекувањата за…

February 13, 2026
ЕКОНОМИЈА

Брзата пруга на Коридор 10 ќе биде готова за 1,5 до две години, најави Мицкоски

Брзата пруга во Коридорот 10 ќе биде готова за 1,5 до две години, најави на денешниот брифинг со новинарите премиерот…

November 1, 2024
ЕКОНОМИЈА

Анкета: За граѓаните маркетите се виновни за инфлацијата

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот. Третина од граѓаните велат дека…

February 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

За денеска најавен нов бојкот на маркетите

За денеска е најавен нов бојкот на маркетите по минатонеделниот кога прометот во големите трговски ланци беше намален за речиси…

February 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?