Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Младеновска: Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Младеновска: Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб
ПОЛИТИКА

Младеновска: Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб

Објавено June 28, 2026 13:56
Сподели
Сподели

Владата на Мцкоски систематски го унишутва пензискиот систем. Пари нема, дупката во ПИОМ е зголемена на 40%, а загрозен е и вториот пензиски столб, вели Рената Младеновска – члена на Извршниот одбор на СДСМ.

„Гувернерот Трајко Славески, од ВМРО, изјави дека до 80% од идните пензионери кои ќе се пензионираат во периодот 2030–2032 година нема да можат да обезбедат ниту минимална пензија.

Наместо да го зајакне вториот пензиски столб, Мицкоски најавува негово можно укинување или сериозно слабеење.

Според плановите на власта, парите кои денес работниците ги уплаќаат во приватните пензиски друштва, треба да се префрлаат назад во државниот фонд – ПИОМ.

Ова е крајно опасно. Власта го загрозува вториот столб кој постои токму за да се намали притисокот врз државниот фонд и да се обезбеди дополнителна пензија за идните генерации.

Неговото укинување или слабеење значи дека идните пензионери ќе зависат исклучиво од државниот буџет – кој оваа Влада веќе го доведе до колапс.

Владата планира и зголемување на стапката за придонесот за задолжително пензиско за пренасочување на пари кон ПИОМ.

Значи Фондот за пензиско и државниот буџет немаат доволно пари и не можат да исплаќаат пензии соодветно.

Јавниот долг рапидно расте, а трошоците за негово сервисирање стануваат сè поголем товар.

Буџетскиот дефицит за целата година е потрошен уште во првата половина.  За само две години Владата на Мицкоски ја задолжи државата со 2,5 милијарди евра нов долг.

Сето ова се случува поради една причина: корупциските партиски тендери.

Наместо парите да одат во пензии, плати, здравство, образование, тие завршуваат во џебовите на партиски послушници преку тендери скроени по мерка.

Оваа Влада не ја уништува пензијата само на сегашните пензионери туку и пензијата на нивните деца и внуци.

Тоа е катастрофалниот резултат на Мицкоски во изминатите 2 години и тој е одговорен што идните генерации ќе работат цел живот, а на крајот ќе останат без достоинствена пензија“, додава Младеновска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија, патот до Атина се намалува за 3 – 3,5 часа
Следна Статија „Лидл“ го заокружува логистичкиот центар вреден 115 милиони евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Уставниот суд поведе постапка за линеарното зголемување на пензиите

Уставниот суд поведе постапка за член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидско осигурување,…

November 20, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски најавува нови содржини на Скупи, Кале и Аквадуктот – Еве како ќе изгледаат (ВИДЕО)

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски истакнува дека време е културата да ги соедини минатото и…

October 24, 2025
ПОЛИТИКА

Левица повторно на иста линија со ДУИ, со поддршка на кандидатот Фатмир Дехари во Кичево

Во тема на денот на Сител телевизија гостуваше кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, кој одговараше на повеќе…

October 26, 2025
ПОЛИТИКА

Марта Кос: Заморот од проширувањето на ЕУ заврши, направете ги компромисите

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, денеска на форумот „ЕУ го среќава Балканот“ во Софија им порача на кандидатите за членство…

April 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?