Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муцунски ќе учествува на Самитот на НАТО во Хаг
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Муцунски ќе учествува на Самитот на НАТО во Хаг
МАКЕДОНИЈА

Муцунски ќе учествува на Самитот на НАТО во Хаг

Објавено June 23, 2025 17:44
Сподели
Сподели

На покана на Генералниот секретар на НАТО, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре и задутре ќе учествува на Самитот на НАТО во Хаг, како дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

На првиот ден, министерот Муцунски ќе учествува на работната вечера во форматот Совет НАТО–Украина, заедно со министрите за надворешни работи на земјите членки, украинскиот министер Андреј Сибиха и високата претставничка на Европската Унија и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас.

Паралелно, на 24 и 25 јуни ќе се одржи НАТО јавниот форум – висок дипломатски настан со учество на државници и експерти, посветен на клучните безбедносни предизвици.

На вториот ден, по покана на Генералниот секретар на НАТО, министерот Муцунски ќе учествува на панел-дискусија за лидерството и улогата на младите во справување со современите безбедносни ризици, како и заложбата за инклузивна и одржлива безбедносна политика.

Истата вечер, министерот Муцунски, како дел од државната делегација, ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, на кој ќе се усвојат одлуки и насоки за дејствувањето на Алијансата во актуелниот безбедносен контекст.

По завршувањето на формалниот дел од Самитот, на покана и во организација на Atlantic Forum, министерот Муцунски ќе учествува на настан посветен на клучните одлуки од Самитот во Хаг, со фокус на рамноправната распределба на одговорностите меѓу сојузниците, јакнењето на индустриското производство во одбраната и дигиталните иновации во поддршка на одбранбените капацитети на НАТО.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Препораки за претстојниот топлотен бран
Следна Статија Поскапуваат горивата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МВР „чешла“ дивоградби во Чаир и Сарај, а ќе проверува и во Кисела Вода и Аеродром

Повеќе оддели во рамки на МВР – организиран криминал, крим полиција, СВР Скопје во текот на вчерашниот ден влегле во…

July 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Силниот ветер однесе кров од зграда во Ѓорче Петров

Силниот ветер попладнево однесе кров од зграда во скопската општина Ѓорче Петров. Кровот паднал на улица, прчинета е материјална штета.…

August 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пандов: Има дел затворски полицајци во Шутка кои не треба да носат полициска униформа и го срамат цел затворски систем

Дисциплинските постапки против двајцата затворски полицајци од затворот во Шутка кои му овозможиле телефон на Васил Јованов, лицето кое на…

February 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Што се случувало неколку моменти пред Гоце Делчев да биде убиен

Според сеќавањето на Катерина Демерџиева, жителка на с. Баница, тогаш на возраст од 14-15 години, малку фалело за Гоце да…

May 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?