Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Наглите температурни разлики негативно влијаат врз здравјето на луѓето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Наглите температурни разлики негативно влијаат врз здравјето на луѓето
ЗДРАВЈЕ

Наглите температурни разлики негативно влијаат врз здравјето на луѓето

Објавено March 28, 2025 10:41
Сподели
Сподели

Наглите температурни разлики негативно влијаат врз здравјето на човекот, а според лекарите, засегнати се и хронично болните, но и работоспособните луѓе, децата, па дури и доенчињата, информираа денеска лекарите од кумановската општа болница.Температурните шокови поизразени се во пролет, отколку во есен, а повеќе ги чувствува женската популација, отколку мажите – изјави д-р Нора Господинова – Николовска, специјалист по интерни болести во општа болница Куманово.

Температурните разлики негативно влијаат врз кардиоваскуларниот систем, респираторниот ги влошуваат постоечките состојби како што е мигрената, а имаат влијание и врз менталното здравје. Температурните разлики во самиот ден и преку ноќта, преодот од зимско кон пролетно време предизивикуваат варијации во кардиоваскуларниот систем, што резултира со покачен крвен притисок.

Температурните разлики водат до нарушувања на имуниот одговор, односно го намалуваат, што доведува до зголемување на инфекциите. Студеното време води ги стеснува крвните садови, ја отежнува работата на срцето кое треба да работи понапорно, да пумпа повеќе крв. Истражувањата покажуваат покажале дека инфарктите настануваат точно кај такви температурни варијации – изјави д-р Господинова-Николова.

Оние кои веќе имаат дијагностицирани проблеми треба редовно да ја земаат пропишаната терапија. Дел од пациентите во овој период во пролет се жалат на малаксаност, замор, нарушен сон, без некоја конкретна здравствена причина.

Организмот веќе е исцрпен од зимата кога имало намалено внес на витамини, краткиот ден и ниските температури водат до нарушување во зрачењето на невротрансмисиите како што серотонин и мелатонин што води до нарушување на сонот нарушување на времетраењето и квалитетот на сонот до несоница преку поспаност – вели специјалистот по интерни болести.

Скратувањето на еден час од преодот од зимско кон летно сметање на времето предизвикува краткорочни последици како што се вртоглавица, подолготрајни главоболки, варијации на крвниот притисок.

Советувам внимателен избор на облеката, наредно зголемен внес на овошје и зеленчук заради зголемен внес на витамини зголемени внес на течноста, доволно време за спиење и важна е умрената физичка активност-како што е пешачењето е клучно за одржување на здравјето – вели докторката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Земјотресот ги задеси во метро, вагонот се лула со сета сила-страшна снимка од Тајланд
Следна Статија ЕУ го одложи воведувањето на ETIAS до крајот на 2026 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

За првпат во Македонија потврдени два случаи на мајмунски сипаници

Институт за јавно здравје информира дека денеска за прв пат во нашата држава лабораториски се потврдени два случаи на Monkeypox…

May 23, 2025
ЗДРАВЈЕ

Бешлиоска: Нема да прифатиме ниту за две минути да функционира ниту една ординација без медицинска сестра

Ние нема да прифатиме ниту една ординација ниту за приоден период, ниту за 24 месеци, ниту за две минути да…

November 29, 2024
ЗДРАВЈЕ

Доктор Лазаров сподели таблица за соодветно дозирање на парацетамол кај деца: Не водете се по возраста, туку по тежината!

Во екот на вирозите и сеознскиот грип кои често се пропратени со висока телесна температура, едно од најчестите прашања кои…

February 26, 2025
ЗДРАВЈЕ

Рани знаци на хипертироидизам и хипотироидизам

Иако тироидната жлезда е мала жлезда што се наоѓа на предниот дел на вратот, нејзината функција има клучна улога во…

March 21, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?