Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега
ЗДРАВЈЕ

Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Објавено August 4, 2025 09:23
Сподели
Сподели

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат да откриваат нови, изненадувачки детали за тоа како функционира. 

Со години, преовладуваше мислењето дека допаминот, откако ќе се ослободи, полека се шири низ мозокот, како хемиски мегафон кој испраќа пораки до голем број клетки, пишува Science Alert.

Сепак, најновите истражувања ја разбиваат оваа класична слика. Се чини дека допаминот е способен и за нешто сосема спротивно – кратки, остри „шепотења“ кои се прецизно насочени кон соседните клетки за само неколку милисекунди. Ако научниците се во право, овој локализиран сигнал би можел да биде темелен, но досега занемарен, градежен блок на целиот допамински систем.

Двете лица на допаминот

Важно е да се разликува допаминот во мозокот од оној во остатокот од телото. Додека допаминот во крвта помага да се регулира функцијата на органите и имунолошкиот систем, во мозокот делува како клучен медијатор во широк спектар на однесувања – од движење и расположение, преку спиење и меморија, до чувства за награда и мотивација.

Познато е дека невроните ослободуваат допамин во различни шеми, но досега не беше јасно какви пораки носат овие специфични сигнали. Способноста за испраќање на брзи и бавни сигнали може да биде клучна во разбирањето како допаминскиот систем успева толку прецизно да контролира толку многу различни функции.

Што покажал експериментот?

Користејќи напреден микроскоп за снимање на живи ткива, научниците од Универзитетот Колорадо и Универзитетот Аугуста во САД поттикнале локално ослободување на допамин во мозокот кај живи глувци. Користејќи флуоресцентно боење следеле што се случива.

Тие откриле дека допаминот активирал рецептори само во неколку мали области на блиските неврони, предизвикувајќи екстремно брз невронски одговор. Од друга страна, поширокото ослободување на допамин, кое досега е најмногу проучувано, предизвикува многу побавен и поширок одговор.

„Нашето истражување откри дека сигнализирањето на допаминот во мозокот е многу посложено отколку што мислевме“, истакнува фармакологот Кристофер Форд од Универзитетот Колорадо. „Знаевме дека допаминот игра улога во многу однесувања, а нашата работа обезбедува рамка за да се разбере како може да ги регулира сите.“

Важност за лекување на болести

Истражувањето се фокусираше на стриатумот, дел од мозокот клучен за моториката и системот наградување, кој е исклучително богат со допамински неврони. Стриатумот е поврзан со голем број невродегенеративни и психијатриски нарушувања, како што се шизофренија, зависности и синдромот на невнимание и хиперактивност (ADHD).

На пример, Паркинсоновата болест е предизвикана од губење на допаминските неврони кои водат до стриатумот. Подоброто разбирање на тоа како допаминот испраќа сигнали во овој клучен дел од мозокот би можело да го отвори патот кон нови, поефикасни терапии.

„Допрва сме на врвот од ледениот брег. Потребно е многу повеќе работа за да се разбере како нарушувањата во допаминската сигнализација придонесуваат за болести како што се Паркинсонова болест, шизофренија или зависност“, заклучува Форд.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Huawei повторно лидер, Apple бележи раст
Следна Статија Поразителни бројки: Само 16 проценти од Германците „дефинитивно“ би се бореле за својата земја

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Алиу: 7-годишното девојче кое почина на тетовската клиника, претходно се лекувало во приватна установа

Министерот за здравство Азир Алиу синоќа во емисијата Топ Тема на Телма изјави дека седумгодишното дете кое почина, прво било третирано во…

September 24, 2025
ЗДРАВЈЕ

МЗ го објави составот на странската комисија за истражување на кардиохируршките операции

Странската комисија за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции ја сочинуваат тројца врвни експерти од областа, меѓу кои: Д-р Уголино…

February 2, 2026
ЗДРАВЈЕ

Извршени две трансплантации – на деформитет на стапало и на преден вкрстен лигамент на колено

Под водство на проф. д-р Зоран Божиновски и со поддршка од стручен тим успешно е извршена реконструкција на деформитет на…

March 11, 2025
ЗДРАВЈЕ

На лекување во странство 69 пациенти, нема промена во нивната состојба- во Скопје 15 стабилни пациенти

Министерството за здравство информира дека во моментот 69 пациенти се на лекување во странство и нема промена во нивната состојба,…

April 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?