Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Назиф Дестани од „Еколог“ се откажа од „Еуромакс“– ги продал акциите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Назиф Дестани од „Еколог“ се откажа од „Еуромакс“– ги продал акциите
ЕКОНОМИЈА

Назиф Дестани од „Еколог“ се откажа од „Еуромакс“– ги продал акциите

Објавено May 15, 2025 18:24
Сподели
Сподели

Тетовецот Назиф Дестани, кој на македонската јавност ѝ е познат како сопственик на фирмата „Еколог“, ги продал акциите во рударската компанија „Еуромакс Рисорсес“, која подолг период форсира проект за отворање на рудник за бакар и злато кај месноста Иловица во струмичко, објави „Дома“.

Холандската компанија „НДХ БВ“ (NDX BV), која е дел од групацијата „НД Груп“ чиј основач е Дестани, пред десетина дена за 3,2 милиони долари ѝ ги продала акциите што ги поседуваше во „Еуромакс“ на компанијата „ВВВ Комодитис енд Рисорсес“ (VVV Commodities and Resources), пренесе „Globe News Wire“. Ова е забележано и на веб-страницата на „Еуромакс“, каде компанијата на Дестани веќе не е фигурира во акционерската структура.

Дестани се повлекол од „Еуромакс“, откако преку неговата холандска фирма во јануари 2023 година вложи приближно иста сум од три милиони долари во акции на канадската компанија. Само две недели откако Дестани ги купи акциите, Вишиот управен суд одлучи да ја уважи жалбата на „Еуромакс“, кој долго и упорно се жалеше во македонските судови на одлуката на Владата да го раскине договорот за една од концесиите за експлоатација на руда во струмичко.

Активистите од здружението „Здрава котлина“, кои се борат против отворање на рудникот „Иловица“ се сомневаат дека не е случајно тоа што судот донел одлука во корист на „Еуромакс“ само две недели откако Дестани преку холандската фирма станал еден од поголемите акционери во канадската компанија. Според нив, Дестан, како човек близок до тогаш владејачката ДУИ, ги користел политичките врски за да го протурка проектот што може да предизвика еколошка катастрофа во струмичко. Активистите го поткрепуваат ова сомневање со фактот дека еден од судиите кој одлучувал по последната жалба на „Еуромакс“ е Субхи Јакупи, поранешен член на Државната изборна комисија номиниран од ДУИ.

Одлуката на тогашната влада за спојување на концесиите за рудникот „Иловица – Штука“ во Струмичката котлина пред две години го „стресе“ кабинетот на поранешниот премиер Димитар Ковачевски, откако на површина излезе некоординираноста на министрите, но, се отвори и прашањето за почитувањето на деловникот за работа на Владата и можната неодговорност на функционерите, пишува „Дома“.

Седницата од 27 јуни 2023 година за малку ќе поминеше незабележано доколку не беше објавата во „Службен весник“ дека е донесена одлука за спојување на двете концесии на „Еуромакс Рисорсес“, точка дополнително ставена на дневниот ред на предлог на тогашниот министер за економија Крешник Бектеши, која предизвика и реакции од негови колеги дека одлучувале без да ги имаат сите информации. Ова невообичаено тврдење го отвори сомнежот дали воопшто е почитуван Деловникот за работа на Владата, во кој точно се наведени процедурите и филтрите кои треба да се поминат пред министрите да гласаат за некоја одлука.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Педесет нови случаи на грип во државава
Следна Статија Хаварија во Пинтија, од резервоар на приватен објект се излеале хемикалии

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

(ФОТО) Од Кичево до Охрид ќе се патува низ галерии, најави Коце Трајановски

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта ЈПДП објави слики од дел од изведбата на автопатот Кичево-Охрид. На автопатот се…

January 18, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Ова е уште еден значаен влог во енергетската независност и стабилност на земјава

Премиерот на Владата Христијан Мицкоски присуствува на почеток на изградба на гасоводниот интерконектор со Грција. Ова е стратешки енергетски проект…

July 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Дизелот поскапува за 14,5 денари, бензинот за 5 денари – нови цени на горивата од полноќ!

Донесена е нова одлука за највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт во државата. Дизелот поскапува за…

March 9, 2026
ЕКОНОМИЈА

Орacles одложува проект за податочен центар, предизвикувајќи размислувања за иднината на технолошкиот развој

Стратешка адаптација во брзо променливиот технолошки пејзаж

December 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?