Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: НАТО со студен туш до Зеленски: Никогаш не ви било ветено членство во НАТО
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > НАТО со студен туш до Зеленски: Никогаш не ви било ветено членство во НАТО
СВЕТ

НАТО со студен туш до Зеленски: Никогаш не ви било ветено членство во НАТО

Објавено February 13, 2025 22:19
Сподели
Сподели

Лидерите никогаш не ѝ ветиле на Украина членство во НАТО доколку постигне мировен договор со Русија, изјави за новинарите денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

-Мораме да се погрижиме (рускиот претседател) Владимир Путин никогаш повеќе да не се обиде да ја нападне Украина, тоа е клучно, но на Украина никогаш не и беше ветено дека ќе стане дел од НАТО како дел од мировниот договор, рече Руте.

Европските лидери претходно денеска го предупредија Вашингтон против украинскиот мировен договор со Русија зад нивниот грб додека се обидуваат да обезбедат место на преговарачката маса, откако американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со Путин и најави почеток на преговорите.

Потегот на Трамп ги вознемири европските земји кои сакаат да играат централна улога во мировните преговори бидејќи секој договор за Украина, која Русија ја нападна пред три години, ќе има последици по нивната безбедност.

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет вчера изјави дека е нереално Украина да се врати на своите граници од пред 2014 година и дека членството на Украина во НАТО нема да биде дел од мировниот договор.

Во 2014 година, Русија го окупираше и анектираше украинскиот полуостров Крим.

Европските лидери тврдат дека една од причините зошто треба да бидат вклучени во преговорите е тоа што Вашингтон јасно стави до знаење дека очекува од нив да дадат безбедносни гаранции за секој мировен договор, што може да значи распоредување на европски трупи во Украина

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Франција забрани продажба на „вејпови“
Следна Статија Кривична за стружанец за кражба на струја во вредност од 4.000 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трамп вели дека ги спречува Јужна Африка да учествува на самитот на Г20 близу Мајами

Претседателот Доналд Трамп вели дека ги спречува Јужна Африка да учествува на самитот на Групата на 20 идната година близу…

November 28, 2025
СВЕТ

Примирјето во Газа одложено, Хамас не го доставил списокот на заложниците за ослободување

Почетокот на примирјето меѓу Израел и палестинското движење Хамас во Газа, кој требаше да започне во 8:30 часот (по локално…

January 19, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Директор на голема компанија е убиен на улица среде Менхетн во Њујорк

Извршниот директор на UnitedHealth попладнево бил застрелан во градите пред хотелот Хилтон во Мидтаун во, како што полицијата вели дека…

December 4, 2024
СВЕТ

(ВИДЕО) Трамп го нападна Зеленски во Белата куќа: Се коцкаш со Трета светска војна

Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, по средбата пред западното крило на Белата куќа, седнаа со новинарите…

February 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?