Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На списокот на Трамп е Македонија со 33% царина, Србија 37%, БИХ 35%, а Албанија и Косово ќе имаат по 10 отсто
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > На списокот на Трамп е Македонија со 33% царина, Србија 37%, БИХ 35%, а Албанија и Косово ќе имаат по 10 отсто
МАКЕДОНИЈА

На списокот на Трамп е Македонија со 33% царина, Србија 37%, БИХ 35%, а Албанија и Косово ќе имаат по 10 отсто

Објавено April 3, 2025 08:30
Сподели
Сподели

На листата на претседателот на САД Доналд Трамп на земји за кои се воведуваат нови реципрочни тарифи, е и Македонија за која од денеска ќе се применува царина од 33%.

Стапките на новите царини на САД се движат од 10% до 49%, а Македонија се најде во групата земји со значителни давачки – 33%. На Балканот, најголема царинска стапка отсега ќе има Србија – 37 отсто, по што следува БиХ со 35 отсто, додека Албанија и Косово ќе имаат по 10 отсто.

Лани размената на Македонија со САД изнесувала 314 милиони долари, а во 2023  320,7 милиони долари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Извозот од Македонија во САД лани достигнал 118,2 милиони долари, што е за 2,2 пати (220 насто) повеќе од претходната 2023 година кога бил 53,6 милиони долари. Лани од САД биле увезени производи за 195,9 милиони долари, за 26,6 отсто помалку од 2023 година кога увозот во Македонија од САД бил 267 милиони долари.

Податоците од американскиот Стејт департмент, пак, покажуваат дека „електричните машини и опремата на САД беа особено привлечни за увозниците во Македонија. Главниот извоз во САД е тутун, облека, железо и челик, стои на интернет страницата на Стејт департментот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лудница во Истанбул – Мурињо го штипна за нос тренерот на Галатасарај (ВИДЕО)
Следна Статија (Видео) Трамп наметна царини од 20 отсто за ЕУ, се обрати Фон дер Лајен: „Последиците ќе бидат страшни“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Дождот не помогна многу – чадот од Дрисла и утрово не стивнува, затрупувањето продолжува

Дождот засега не помогна многу во гаснењето на пожарот во депонијата Дрисла, што се чувствува во воздухот во Скопје. Директорот…

September 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Повремени врнежи од дожд, попладне од снег

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките…

January 10, 2026
МАКЕДОНИЈА

На Скопје му треба градска полиција која ќе казнува за смет и за изметот од милениците

Надлежните не го собираат навремено сметот, но од друга страна и несовесните граѓани го фрлаат отпадот насекаде. Веќе подолго време…

August 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од 1 април му откажаа бубрезите, 40 отсто од телото му беше со изгореници, Таравари потврди дека во Литванија почина управителот на дискотеката „Пулс“

Министерот за здравство Арбен Таравари потврди дека има уште една жртва од трагедијата во Кочани. Починатиот, кој беше на лекување…

April 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?