Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Раритетен археолошки наод – Ѕидана гробница од крајот на вториот век
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Раритетен археолошки наод – Ѕидана гробница од крајот на вториот век
МАКЕДОНИЈА

Раритетен археолошки наод – Ѕидана гробница од крајот на вториот век

Објавено December 1, 2024 19:10
Сподели
Сподели

Aрхеолозите на локалитетот „Беш тепе“ кај карбинското село Радање во изминатите 30 дена открија ѕидана гробница која датира од крајот на вториот и почетокот на третиот век. Уникатноста на гробницата е во нејзината структура. Досега откриените могили на овие простори се покриени само со земјена обвивка, но оваа е ѕидана и по тоа се разликува.

Во оваа могила се погребани 3 индивидуи, значи централниуот гроб заради кој и се подигнала оваа могила и врз кој е подигната и камената конструкција. Но, се работи за многу голем гроб, со димензии 3,30 метри на 2,3 метри, а длабок е половина метар, изјави Ване Секулов, археолог, Завод и Музеј- Струмица

Во централниот дел била поставена урната со остатоците од кремацијата на покојникот. Пронајдени се и повеќе артефакти.

Откриени се повеќе наоди, од керамика и монети. Монетата ни помогна да го датираме периодот кога е направена оваа гробница. Тоа е Септимиј Север кој владеел кон крајот на вториот и почетокот на третиот век, изјави Митко Штерјов, археолог, Завод и Музеј – Штип

По откривањето на ваквите ретки наоди, археолозите ќе достават проект до Министерството за култура и туризам, со цел да се конзервираат двете гробници и покрај археолошкиот локалитет „Баргала“, да се добие уште една туристичка понуда во Општина Карбинци.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВМРО-ДПМНЕ со Модератерна од Шведска разменува искуства и ја надградува својата визија за економски силна и просперитетна држава
Следна Статија Работниците во сите фабрики на „Фолксваген“ во Германија утре излегуваат на штрајк

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ќе се руши легендарната скопска сендвичарница „7“ во Центар

Легендарната скопска сендвичарница „7-ца“ во Центар ќе оди во заборав. Од 1 септември работи со скратено работно време, преку недела…

September 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Со 1,5 милион евра од ЕУ ќе се подобрува правната рамка за квалитетoт на воздухот

Со поддршка на ЕУ ИПА 2-програмата во номври 2024 година почната е имплементацијата на проект со кој ќе се доусогласува…

January 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

22 денари за километар, поевтино од такси – прва услуга за користење електрични автомобили, car sharing AVANT2GO

Од денес во Скопје може да се изнајми електричен автомобил за 22 денари за километар додека вози и 5 денари…

May 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Попов: Борбата за зачувување на македонскиот јазик не е завршена, тој е загрозен и внатре во самата држава

Аргументирано можеме да тврдиме дека официјализирањето на македонската азбука и на македонскиот стандарден јазик не е некаква “вештачка конструкција“, туку…

May 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?