Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Невин 46 години лежел во затвор – ќе добие 1,4 милиони долари отштета
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Невин 46 години лежел во затвор – ќе добие 1,4 милиони долари отштета
ЗАБАВА

Невин 46 години лежел во затвор – ќе добие 1,4 милиони долари отштета

Објавено March 25, 2025 10:54
Сподели
Сподели

Јапонец осуден за четирикратно убиство и кој поминал 46 години чекајќи смртна казна, ќе добие отштета од 1,4 милиони долари, потврди судски службеник.

Надоместокот изнесува околу 83 долари за секој ден што Ивао Хакамада го поминал во затвор.

Хакамада беше осуден на смрт во 1968 година за убиство на неговиот шеф, неговата сопруга и нивните две деца во 1966 година.

Поранешниот боксер, кој сега има 89 години, беше ослободен во 2024 година, откако неговата сестра, заедно со други, со децении водеше кампања за негово ослободување, пишува Гардијан.

Судот, во одлуката донесена вчера, пресуди дека тој има право на компензација.

Во септември истиот суд на повторното судење одлучи дека Хакамада не е виновен и дека полицијата манипулирала со доказите.

Според Судот, Хакамада бил подложен на „нехумани сослушувања со цел да се изнуди признание“.

Локалните медиуми јавуваат дека ова е рекордна сума на обештетување од овој тип во Јапонија.

Сепак, неговиот адвокатски тим вели дека парите не можат да ја надоместат штетата што ја претрпел.

Годините поминати во притвор, со постојана закана од егзекуција, сериозно му наштетиле на менталното здравје на Хакамада, велат неговите адвокати, опишувајќи го како личност која „живее во свет на фантазии“.

Хакамада беше петтиот осуденик на смрт на кого му беше одобрено повторно судење во повоената историја на Јапонија.

Сите четири претходни случаи исто така завршија со ослободителни пресуди.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсен болничар од Клиничката болница во Штип, допирал малолетничка која била на пракса
Следна Статија Поранешниот градоначалник на Лозово осуден на година ипол затвор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

(ВИДЕО) Британски јутјубер чистеше отпад покрај Вардар

Британскиот јутјубер Ричард Хејвард, креатор на каналот @SideQuestMerchant, кој престојува во Македонија и пред некое време направи интересно видео во кое качен на…

August 28, 2025
ЗАБАВА

Србинка фотографирала плажа на Макарска во 7 наутро:„Дали ова ве фрустрира“?

На Редит се појави фотографија од плажа во Макарска во 7 часот наутро, споделена од една Србинка, па ваквата глетка…

July 31, 2025
ЗАБАВА

Драма во Базел пред почетокот на Евровизија: Од сцена, натпреварувач завршил на итна операција

Норвешкиот претставник на Евровизија, Кајл Алесандро, беше итно опериран по првата проба. Имено, Кајл Алесандро го заврши својот прв настап…

May 6, 2025
ЗАБАВА

Знаете ли што значи „Бангаранга“?

Дарина Јотова која победи на Евровзија  има 28 години а има победа и на „икс фактор“.Сите се прашуваат што значи…

May 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?