Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нема реконструкција на Владата пред локалните избори, изјави Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Нема реконструкција на Владата пред локалните избори, изјави Мицкоски
ПОЛИТИКА

Нема реконструкција на Владата пред локалните избори, изјави Мицкоски

Објавено April 7, 2025 12:59
Сподели
Сподели

Владата нема да се реконструира пред локалните избори, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со министерот за здравство Арбен Таравари и директорот на ФЗО Сашо Клековски.

На прашањето дали е планирана реконструкција на Владата пред локалните избори, премиерот кусо одговори: „Не“.

Премиерот повтори дека Владата функционира обединето и единствено.

-Односите во Владата се коалициски одлични, рече Мицкоски.

Изминатите денови дел од медиумите објавија за превирања во коалицијата од албанскиот политички блок „Вреди“ и напуштањето на министерот за здравство Арбен Таравари од оваа коалиција.

Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој е дел од коалицијата „Вреди“ денеска во изјава за медиумите прашан какви се односите меѓу политичките субјекти внатре во коалицијата „Вреди“, рече дека никој нема дилеми, освен претседателот на Алијанса за Албанците и министер за здравство Арбен Таравари, за којшто рече „гледа можност за соработка со Демократската унија за интеграција“.

-Односите со министерот за здравство Арбен Таравари се добри и комуницираме, но сите треба да имаат предвид дека Влен е антипод на ДУИ, односно Коалиција која победи на претходните парламентарни избори и ја донесе долгоочекуваната промена во албанскиот кампус. Ние работиме на таа промена до крај за тоа да го почувствуваат и граѓаните … Никој нема дилеми во Коалицијата, единствениот којшто има дилеми којшто гледа можност за соработка со Демократската унија за интеграција е господинот Таравари, затоа него ќе го прашате, но мислам дека Влен ги доби гласовите, 107.000 гласови како антипод и предводник на промените во делот на албанскиот кампус. Така што, никој нема дилеми освен Таравари којшто треба да расчисти со дилемите. Влен и соработка со ДУИ мислам дека е неприродно, нагласи Меџити.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 61-ва жртва на трагедијата во Кочани
Следна Статија Бизарноста на американските царини: Еден клип ја поминува границата шестпати

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: Цвета корупцијата во земјоделието, дали и Трипуновски е замешан во шемата на неговиот директор Стоилев?

Кога директор на државна институција, Илија Стоилев, кадар на ДПМНЕ е фатен со обележани банкноти за мито јасно е дека…

November 7, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ за електронскиот попис: Опасни обиди за иднината на државата

Уште во 2022 година, лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, јавно одби да ги прифати резултатите од пописот на населението, алудирајќи…

June 29, 2025
ПОЛИТИКА

Муртезани: Таравари имаше бел лист на маса за да напише колку општини сака, но одлучи да оди во прегратките на ДУИ

Таравари имаше бел лист на маса за да напише колку општини сака да добие, но тој одлучи да оди сам…

May 15, 2025
ПОЛИТИКА

ДИК го усвои календарот за локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на 128 седница ги усвои роковите за сите дејствија за одржување на Локалните избори 2025,…

August 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?