Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: Цвета корупцијата во земјоделието, дали и Трипуновски е замешан во шемата на неговиот директор Стоилев?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: Цвета корупцијата во земјоделието, дали и Трипуновски е замешан во шемата на неговиот директор Стоилев?
ПОЛИТИКА

СДСМ: Цвета корупцијата во земјоделието, дали и Трипуновски е замешан во шемата на неговиот директор Стоилев?

Објавено November 7, 2025 12:26
Сподели
Сподели

Кога директор на државна институција, Илија Стоилев, кадар на ДПМНЕ е фатен со обележани банкноти за мито јасно е дека корупцијата во земјоделието цвета, велат од СДСМ.

Во продолжение соопштението

Година и пол се зборува дека се бараат провизии, дека се задржуваат предмети, дека службеници трпат притисоци. Сега тоа доби потврда со раце фатени во криминал.

Очигледно станува збор за систем на рекетирање во институција што треба да биде мотор на развојот. И тоа е систем на ВМРО-ДПМНЕ и на никој друг.

Со години се градеше поинаков систем што требаше да им помогне на земјоделците, да ја отвори вратата кон европските фондови и модерно земјоделство. Но за само година и пол под оваа власт на ДПМНЕ, сè е срушено!

Се потврдува оценката на Европската унија во својот најнов извештај: „нула напредок во борбата против корупцијата.“

Наместо да зборуваме за инвестиции, модерни фарми и извоз, денеска зборуваме за рекет, обележани пари и мито во фиоки.

Прашањето сега е што правиме со министерот Цветан Трипуновски?

Зошто молчи? Ќе има ли оставка од Трипуновски, ќе понесе ли одговорност? Или ќе гледаме уште една фарса со смена на некој службеник, додека главните виновници остануваат недопирливи?

Дали ова е дел од поширок систем на злоупотреба на европски пари што треба да завршат кај земјоделците, а завршуваат во партиски џебови?

Колку други случаи на земање мито и корупција се прикриени во Агенцијата и Министерството?

Додека земјоделците чекаат исплати, парите од ИПАРД и субвенции завршуваат во рацете на партиски рекетари и за тоа мора да има одговорност од сите.

СДСМ Центар за комуникации со јавноста

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп и Орбан ќе се сретнат во Белата куќа, руската нафта и билатералната соработка меѓу темите
Следна Статија ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја уништи СДСМ, да си поднесе оставка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Кирил од Левица главен организатор: Видео од состанок каде се подготвува српско сценарио и насилство на утрешниот протест во Скопје

На социјалните мрежи се појави видео од групен разговор меѓу македонски и српски студенти кои се договараат како да предизвикаат…

March 23, 2025
ПОЛИТИКА

Мециновиќ: 30 години имаме ароганција од најнеспособните луѓе

Кандидатот на Левица за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ на денешната прес-конференција истакна дека ако се случи тој да…

October 31, 2025
ПОЛИТИКА

Стојкоски: Пет капитални инвестиции во Ѓорче Петров

Кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во интервјуто за „Слободен печат“ тој вели дека во наредниот мандат…

October 11, 2025
ПОЛИТИКА

Сопругата на шефот на полицијата во Штип и нејзината фирма донатори на ВМРО-ДПМНЕ, објави СДСМ

Во рамките на својата акција за разоткривање на трагедијата во Кочани СДСМ денеска објави документи кои го компромитираат јавното декларирање…

June 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?