Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп и Орбан ќе се сретнат во Белата куќа, руската нафта и билатералната соработка меѓу темите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп и Орбан ќе се сретнат во Белата куќа, руската нафта и билатералната соработка меѓу темите
СВЕТ

Трамп и Орбан ќе се сретнат во Белата куќа, руската нафта и билатералната соработка меѓу темите

Објавено November 7, 2025 13:49
Сподели
Сподели

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Белата куќа за да разговараат за зависноста на Унгарија од руската нафта и можностите за зајакнување на економската соработка меѓу двете земји.

Тоа ќе биде нивна прва билатерална средба откако Трамп се врати во Белата куќа во јануари.

Трамп инсистира европските земји да престанат да купуваат руска нафта за да ги намалат приходите на Москва што ја финансира војната во Украина, додека Унгарија не престана да се потпира на руската енергија од почетокот на конфликтот во 2022 година, предизвикувајќи критики во ЕУ и НАТО, велат експертите.

Пред состанокот, унгарските претставници изјавија дека Орбан имал намера да разговара за можноста за состанок меѓу САД и Русија и да побара ослободување од енергетските санкции на САД.

Трамп претходно најави можна средба со рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта, но таа беше одложена откако Русија го отфрли примирјето.

-Го познавам претседателот, тој ме познава мене, ние го знаеме проблемот, едноставно мора да постигнеме договор, изјави Орбан, додавајќи дека очекува пријателски разговори.

Белата куќа соопшти дека лидерите ќе разговараат за области од „заемен интерес“ и наговести за можноста за економски договори.

-Американскиот народ може да очекува повеќе добри, меѓусекторски договори од посетата на премиерот Орбан, изјави функционер на Белата куќа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Денеска можевме да видиме дека контејнерите се празни, чисти, дека немаме прелевање
Следна Статија СДСМ: Цвета корупцијата во земјоделието, дали и Трипуновски е замешан во шемата на неговиот директор Стоилев?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Кошта најави вонреден Самит на ЕУ посветен на случувањата околу Гренланд

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта синоќа во објава на Икс најави дека во наредните денови ќе свика вонреден Самит…

January 19, 2026
СВЕТ

Унгарскиот парламент ги изгласа уставните измени за забрана на јавните ЛГБТ активности

Унгарскиот парламент го усвои уставниот амандман со кој се дозволува владата да забрани јавни активности на ЛГБТКју+ заедницата. Правниците и…

April 14, 2025
СВЕТ

Почна примирјето меѓу Израел и Хезболах

Прекинот на огнот меѓу Израел и либанската милитантна група Хезболах стапи на сила денеска во раните утрински часови откако двете…

November 27, 2024
СВЕТ

Одложување на почетокот на летот на LAX поради проблеми со персоналот

Одложувањето на почетокот на летот на аеродромот во Лос Анџелес предизвика значителни проблеми за патниците во сабота навечер.

January 5, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?