Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Не цедете сокови, ќе ви се покачи шекерот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Не цедете сокови, ќе ви се покачи шекерот
ЗДРАВЈЕ

Не цедете сокови, ќе ви се покачи шекерот

Објавено July 16, 2026 10:49
Сподели
Сподели

Консумирањето овошни пијалаци во текот на летото, на прв поглед изгледа освежително и здраво. Но, од друга страна, овие навидум здрави напитоци можат да содржат големи количини шеќер, а со тоа да го зголемат нивото на гликоза во крвта. Причина за тоа се скриените шеќери што се наоѓаат во многу популарни летни јадења и пијалаци.

Според експертите, проблем честопати не се оброците, туку пијалаците.

– Секоја година го слушам истиот муабет од збунети пациенти кои ми се обраќаат за помош. Тие се обидуваат да сфатат зошто им се покачува шеќерот и покрај тоа што ги следат препораките од докторите. Овошните сокови оставаат впечаток дека се здрав избор, но при цедењето на овошјето се губат растителните влакна кои ја забавуваат апсорпцијата на шеќерот, објаснува тој, нагласувајќи дека голема чаша свежо цеден сок од манго може да содржи шеќер колку три или четири плодови манго, но без влакната. Целиот тој шеќер многу брзо навлегува во крвотокот и веќе по еден час повторно чувствувате глад, изјави  д-р Гагандип Синг, специјалист за лекување на дијабетес и основач на клиниката Редиал.

Тој предлага наместо овошни сокови да се пие  вода со лимон или вода со нане и краставица.

– Ова не значи дека не треба да се консумира сезонско овошје. Јадете го овошјето, наместо да го пиете, вели тој, нагласувајќи дека неколку парчиња манго или лубеница имаат сосема поинаков ефект врз организмот отколку голема чаша сок испиена на празен стомак.

Овошјето содржи растителни влакна кои го забавуваат варењето и помагаат да се спречат наглите промени на шеќерот во крвта. Според експертите, овошјето треба да се комбинира со протеини или здрави масти, како што се рака јаткасти плодови или малку младо сирење.

– Во жешките денови луѓето често избираат лесни оброци кои всушност се состојат главно од рафинирани јаглехидрати. Таквата храна не заситува доволно, па гладта брзо се враќа. Тоа нè поттикнува да земеме нешто за грицкање, што доведува до чести промени на нивото на шеќер во крвта. Основата на секој оброк треба да бидат протеини, како јајца, риба, пилешко месо, во комбинација со сезонски зеленчук како краставици и домати, посочи д-р Синг.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Селекторот на Аргентина: Не мислам дека сум арогантен кога велам дека овие играчи се навистина уникатни, а навивачите се брилијантни
Следна Статија Дремнете преку ден: Финалето в недела можно е да доцни

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

17. Ноември – Светски ден на предвременото породување

Светскиот ден на предвременото породување, кој се одбележува на 17 ноември, годинава доби историско признание од Светската здравствена организација(СЗО) која…

November 17, 2025
ЗДРАВЈЕ

Грипот ја зеде првата жртва годинава – почина жена на Инфективна клиника

На Инфективната клиника во Скопје почина 75 годишна жена со повеќе хронични заболувања, а не била вакцинирана против сезонски грип.…

January 14, 2026
ЗДРАВЈЕ

Алиу предупредува: Пикот на грипот доаѓа за две недели

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска информираше дека Македонија се подготвува за врвот на сезоната на грип, кој се очекува…

January 6, 2026
ЗДРАВЈЕ

Доктор Лазаров за „парацетамолот во бременост и ризикот од аутизам“: Нетретирана треска може да нанесе штета на плодот и мајката

Откако, по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, се крена фама во јавноста за последиците од парацетамолот во бременоста, и…

September 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?