Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Брза пруга до Солун, полесна постапка за изградба на хотели се дел од проектите за развој на туризмот по Коридорот 10
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Брза пруга до Солун, полесна постапка за изградба на хотели се дел од проектите за развој на туризмот по Коридорот 10
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Брза пруга до Солун, полесна постапка за изградба на хотели се дел од проектите за развој на туризмот по Коридорот 10

Објавено November 12, 2025 15:40
Сподели
Сподели

Во подготовка сме за градење на брза пруга од Скопје до Солун, на вчерашната седница на Владата усвоена е одлука за урбанистичко решение на локалитетот Стоби, се отвараат нови винарии во Тиквешијата. Целта ни е да ја олесниме и изградбата на нови хотели и да ги задржиме туристите кои транзитираат низ Коридорот 10 или официјално Е-75, порача денеска вицепремиерот и министер за траснпорт и врски Александар Николоски на панел дискусијата во рамките на конференцијата „ Е 75 –Основа за развој на креативен туризам и негова одржливост“.

На панел дискусијата се обрати и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков кој истакна дека Е-75 ги поврзува северот со југот, градовите со малите заедници, луѓето со нивните соништа. Но, како што рече, прашањето е дали навистина го гледаме потенцијалот што се крие по овој автопат.

Јас сум убеден дека секој километар од овој пат носи во себе можност за нова соработка, ново партнерство и нов развој. Секое мало место, секој локален занает, секој ресторан или кафуле што со гордост ја раскажува својата приказна се дел од една поголема слика, туристичка приказна што може да ја раскажеме надвор од границите на нашата земја. Тоа е нашата автентичност, нашата сила и нашата шанса. Замислете турист кој застанува во едно од тие места, пробува локален специјалитет или дегустира некоја автохтона сорта вино, разговара со занаетчијата и продолжува понатаму во добро расположение. Тоа е вистинската моќ на Е-75 – да ги поврзе луѓето и да отвори нови можности – рече Љутков.

Министерот за култура и туризам посочи дека за да го претвориме овој потенцијал во успешна приказна, потребно е да се размислува пошироко, односно како да се интегрираме туристичката понуда по должината на автопатот или како да се создаде синергија меѓу транспортот и туризмот.

Зашто само кога патувањето станува доживување, а движењето инспирација, можеме да зборуваме за вистински креативен и одржлив туризам. Во тој контекст беше и работилницата за развој на креативен туризам што се одржа во текот на вчерашниот ден, од која произлегоа идеи за начините како домаќинствата во руралните и во урбаните средини да ја збогатат својата туристичка понуда. Тоа е нашата цел – да создадеме Коридор каде што инфраструктурата и туристичката понуда се дел од истата приказна, бидејќи креативниот туризам не е само посета на музеј или археолошки локалитет, тој е учество, интеракција, споделување на културата и традицијата – посочи Љутков.

Тој додаде дека целта на настанот е да се разменат идеи, да се поттикнат партнерства и да се најде заеднички начини за Е-75 да отвори конкретни можности за локалниот развој, за нови бизниси, за културна и гастрономска размена; за секоја општина, секој град и секоја локална заедница по должината на овој автопат да може да ја препознае својата уникатност и да ја претвори во туристичка вредност за поврзување на локалните производители, угостители, занаетчии и институции во заедничка понуда што ќе ја прикаже нашата земја на еден нов, автентичен начин.

Знаете, транспортот и туризмот се две страни на една монета затоа што транспортот може да ја носи економијата, но туризмот ја носи душата на едно место. А кога овие две сили ќе се здружат, тогаш се создава одржлива енергија што го движи целиот регион напред – потенцира Љутков.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ворен Бафет советува: Не трошете пари на овие работи
Следна Статија На 19 ноември почнува судењето за пожарот во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Агенцијата за храна во акција: За три дена казнети 22 маркети во вредност од 40.000 евра

Приближно 40.000 евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција за…

January 18, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николовски: Изготвивме нов Царински закон

„Царинската управа го изготви предлог текстот на новиот Царински закон, усогласен со Царинскиот закон на ЕУ, којшто очекуваме да стапи…

June 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерката Нацевска: Со Единствениот регистар на сметки ќе изградиме поефикасен платен систем во земјава

„Со очекуваното воспоставување на Единствениот регистар на сметки, пропишан со Законот за платежни услуги и платни системи, покрај тоа што…

October 31, 2024
ЕКОНОМИЈА

Царината доби систем за анализа на ризик и податочен склад од Корејската царинска служба

Царинската управа доби систем за анализа на ризик и податочен склад со кој се очекува да се подобри контролата на…

December 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?