Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николовски: Изготвивме нов Царински закон
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николовски: Изготвивме нов Царински закон
ЕКОНОМИЈА

Николовски: Изготвивме нов Царински закон

Објавено June 16, 2025 16:27
Сподели
Сподели

„Царинската управа го изготви предлог текстот на новиот Царински закон, усогласен со Царинскиот закон на ЕУ, којшто очекуваме да стапи на сила до крајот на оваа година. Суштината на Законот е подобрување на условите за водење бизнис и побрза интеграција во единствениот пазар на ЕУ, преку создавање на целосно дигитално царинско работење, целосна усогласеност со системите што се користат во ЕУ, на чија имплементација веќе работиме, како и обезбедување на поголема сигурност на стоките“. Ова го истакна директорот на Царинска управа Бобан Николовски на настан во организација на Стопанска комора на Македонија на којшто беше промовирана новата дигитална платформа за микро, мали и средни компании.

Николовски потенцира дека редовниот дијалог е клучен за унапредување на процесите и подобрување на бизнис климата во државата со што сите чинители придонесуваат кон економска стабилност на државата и подобрување на конкурентноста на македонската економија.

„Во изминатиот период покажавме единство – покажавме дека кога заеднички делуваме како тим, резултатите се повеќе од видливи. Она што ни треба и сме фокусирани на истото, е олеснување на трговијата преку поедноставување и олеснување на царинските процедури, дигитализација на секој сегмент на царинското работење, подобра поврзаност, како и поголема транспарентност. Во овој период, интензивно работиме на имплементација на нов Национален едношалтерски систем, што треба да овозможи електронско поднесување на барањата за издавање лиценци и дозволи на едно место со еднократно внесување на податоци, колективно користење на податоците и унапредување на анализата на ризик на сите институции вклучени во прекуграничната трговија, целосна дигитализација и отстранување на бирократските процедури и намалување на трошоците и времето на чекање потребно за завршување на извозните и увозните постапки“, нагласи тој.

Николовски воедно потенцира дека со усвојување на Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за Царинска тарифа ќе се изврши намалување на царинските стапки за 67 производи коишто како суровини или репроматеријали се користат во секторите на автомобилската, метало-преработувачката индустрија, металургијата и енергетиката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Колашинац потврди дека го купил „ Аудито“ за Филипче: Мицевски бара Обвинителствто да покрене постапка
Следна Статија Овие земји ќе владеат со светот економски во 2039 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Повик за договор помеѓу Федералните резерви и Министерството за финансии предизвикува дебати на пазарот на обврзници

Кевин Варш предложи низа идеи за водење на Федералните резерви, а неговиот повик за нов договор со Министерството за финансии…

February 10, 2026
ЕКОНОМИЈА

Трајановски: Oбновени се 10.500 квадратни метри асфалтна површина

Клуч за економски развој и подобрување на животниот стандард е обновена инфраструктура на регионалното поврзување, посебно на она кое води…

September 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Во Скопје ниту една дискотека или кабаре нема лиценца за работа

Се подготвува нов закон за угостителска дејност во кој се предвидени задолжителни одредби за контрола и кривична одговорност доколку некој…

June 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Цената на нафтата вртоглаво расте

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат со вртоглавиот раст, а минатата недела на лондонскиот пазар беше забележан скок од…

March 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?